KOMUNA E ÇAIRIT - HYRJE
Општина Чаир

Поддршката на меѓународните институции за консолидирање на демократските вредности на локалната власт

30

Подршката на меѓународните институции за консолидирање на демократските вредности на локалната власт и зајакнувањето на функционалните капацитети на Општинските Совети како механизам за контрола на работата, е секогаш добродојдена и ја зголемува актуелната перспектива.

Заедно со претседателката на Советот на Општина Чаир г-ѓа Џемиле Мемети во просториите на UNDP во Скопје со колегите од пет други општини: Велес, Свети Николе, Валандово, Струмица и Охрид, Градоначалникот на Општина Чаир потпиша меморандум за разбирање со UNDP за реализација на проектот “Зајакнување на општинските совети“ – Фаза на реализација“ финансиран од страна на Агенцијата за развој и соработка од Швајцарија. На оваа церемонија присуствуваа и: Луиза Винтон – постојниот претставник на UNDP во земјата, Сибил Сутер Техада – Амбасадор на Швајцарија, Сухејл Фазлиу – Министер за Локална Самоуправа и Драган Тевдовски – Министер за финансии.

Чаир е во кругот на првите шест општини кои ќе се здобијат со шанса за професионална обука на нејзини советници со цел процесот на планирање и реализирање на Општинскиот Буџет да биде рефлекција на гласот на народот.

You might also like