KOMUNA E ÇAIRIT - HYRJE
Општина Чаир

35 m³ градежен шут и 120 m³ комунален смет собрани во текот на реализираните акции за чистење во Општина Чаир

23

На крај на 2017 година во координација со Град Скопје, Јавното претпријатие “Паркови и Зеленило“ и Јавното Претпријатие “Комунална Хигиена“ со цел организирање на заеднички акции за чистење, на територија на Општина Чаир беа ангажирани 330 работници со што беа собрани 35 m³ градежен шут и 120 m³ комунален смет.
Истотака, информираме дека ваквите акции ќе бидат воспоставена пракса и токму за оваа цел во Буџетот на Општина Чаир се планирани средства за чистење на дивите депонии и поголема соработка со Јавното Претпријатие “Паркови и Зеленило“ и Јавното Претпријатие “Комунална Хигиена“. Наша заедничка цел е да го направиме Чаир една од најчистите општини во Град Скопје.

#некабидечисто

You might also like