KOMUNA E ÇAIRIT - HYRJE
Општина Чаир

Општи податоци за Општина Чаир

Сегашната Општината Чаир е формирана на 15 април 2004 година, со новиот Закон за новата територијална поделба (“Службен весник на РМ” бр.55/04), меѓутоа како општина датира уште од 15 април 1976 година кога е формирана со Законот за формирање на општини во рамките на Град Скопје и за утврдување на нивните подрачја (“Службен весник на СРМ” бр.8/76). Со новата територијална поделба границите на Општината Чаир во голема мера се стеснети што ќе претставува голем хендикеп за понатамошниот развиток на Општината. Територијата на Општина Чаир била населена уште во времето на Неолитот, а за ова сведочат и археолошките наоѓалишта во Дижонска населба (1999 година). Според многу извори од тоа време античкиот град Скупи е основан во втората половина на IV век п.н.е. на левата страна на реката Вардар (Бела река С.А.) од страна на Илирското племе Дардани. Античкиот град Скупи имал широка распространетост почнувајќи од сегашно Бардовци, Злокуќани, па се до Калето и дел од Старата Скопска Чаршија. Во средновековниот период забележано е присуството на Арберите наследници на Дарданите, кои го населувале овој предел се до српските и бугарски окупации на овие територии. Заради поволната централна поставеност на Општината Чаир односно денешно Топанско Поле бил сместен централниот гарнизон на Турската Империја заедно со тешката артилерија која била користена за нападите против Албанија и од тогаш местото каде биле поправани топовите било наречено Поле на Топовите или (Топхане). Токму на ова место на 27 април 1463 година бил потпишан договор помеѓу Султанот Мехмет III и Скендербег. На денешната територија на Општина Чаир за време на османлиската империја биле изградени првите џамии: Султан Муратова Џамија, Мустафа Пашината Џамија, Алаџа Џамија и други објекти со ориентални карактеристики. Според патеписецот Евлија Челебија во 1637 година во Скопје се зборувало на два јазика – албански и грчки. Во првиот дел на XIX век, Хавзи Паша во населбата Чаир изградил сараи кои служеле и за административни работи на Скопскиот Санџак во кој биле вклучени 14 кази (Скопје, Качаник, Тетово, Кичево, Дебар, Ќустендил, Елник, Струмица, Радовиш, Штип, Кратово, Куманово, Крива Паланка и Кочани). Скопје по доаѓањето на Османлиите, се трансформира во занаетчиски и трговски центар на Балканот. Територијата на Чаир ја играше клучната улога во понатамошниот развој на градот во целина, бидејќи оваа област ги опфаќаше Безистенот, неколку Анови и други објекти за развивање на трговијата и занаетчиството.

За етимологијата на името на Чаир постојат две тврдења: според првото името Чаир потекнува од турскиот збор кој значи ливада опкружена со дрвја, додека другото тврдење е дека потеклото е според името на човек кој живеел на оваа локација чие име било Кадин Чаир кој во документите од 1549/50 година бил наследник на вакуфнамето на оџата Муслихудин Ал – Мадин.

Општината Чаир е лоцирана во Градот Скопје кој го зафаќа централниот дел од Скопската котлина, поточно централниот и западниот дел од Скопската котлина. Покрај општината Чаир, останати општини кои се дел од Градот Скопје се: Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар и Шуто Оризари. Градот се протега во должина од 22 km (Сарај – Драчево), ширина 11 km (Црниче – Радишани) и зафаќа површина од околу 7.000 ha (во рамките на урбаниот опфат). Скопската котлина е на надморска висина од 264 m (општина Ѓорче Петров) до 240 m (општина Аеродром).

На слика 1 е прикажана местоположбата на општина Чаир во рамките на Градот Скопје.

Слика 1 Местоположба на општина Чаир

Скопската котлина каде што е лоцирана Општина Чаир, претставува физичко – географска целина, односно хомоген природен регион, заграден со планински масиви од сите страни, јасно издиференциран од окружувањето. Од десната страна на река Вардар, како микрорелјефни форми од алувијалната рамнина се издигаат ридовите: Гази Баба, Каменик, Крст, Чуков Рид, Долни Рид, Зајчев Рид и Кале. Општината Чаир е општина во состав на градот Скопје и нејзините граници (Слика 1) се дефинирани со Законот за Град Скопје (Службен весник на РМ, бр. 55/04). Општината зафаќа територија од 3,52 km2, на надморска височина од 362 m и е централно поставена во однос на територијалната организација на градот и се граничи со општините Бутел, Центар и Гази Баба.. Поволна е положбата на Општината во Скопската котлина но сепак не располага со доволна

територија за развој на одредени индустриски зони и слично. Со оглед на тоа дека претставува голем центар и е единствен од аспект на администрирање и менаџмент како политички, образовен, економски и културен центар во Скопје, Општина Чаир е во постојан динамичен развиток како од економски така и од демографски аспект.

Густина на население – Густината на населението во Општина Чаир е карактеристична по тоа што е најголема во споредба со било која општина во Македонија. Ако се направи споредба со Град Скопје каде густината варира во различни делови од градот, а во просек изнесува 888 жители/ km2, за општина Чаир изнесува 16193 жители/ km2. Во Табела 1 е дадена густината на населението во Град Скопје по населби, вклучувајќи ја и Општина Чаир.

Табела 1 Густина на население во Град Скопје

*Извор: Државен завод за статистика – Статистички годишник на Република Македонија 2013

Согласно податоците во табелата, густина на населението во Општина Чаир е 16193 жители/км2. Според официјалните податоци од последниот попис на населението во 2002 година во Општина Чаир има 17107 домаќинства, а бројната состојба на населението согласно пописот на население година изнесува 64 773 жители, од кои 32 374 се мажи, а 32 399 се жени.

Возрасна и полова структура на населението – Општината Чаир се вбројува во групата на општини со висока стапка на наталитет и природен прираст во Република Македонија. Популацијата која ја населува општината Чаир се карактеризира со значителни промени во насока на зголемување на учеството на младите и значителен намалување на уделот на повозрасното население.

Графикон 1 Возрасна и полова структура на населението

Графикон 1

Во однос на старосната структура на населението, старосната група од 30-34 години опфаќа најголем број од населението во Општина Чаир со 8,7%, по што следуваат старосните групи од 10-14 и 5-9 години, другите возрасни категории завземаат помал процент од населението во општината.

Национална припадност на населението во општина Чаир – Најголем дел од населението во Општина Чаир е од албанска национална припадност, по што следуваат Македонци, Турци, Роми и Бошњаци.

Графикон 2 Национална припадност на населението во Општината

 

Графикон 2

Родова еднаквост – Во Општина Чаир се одсликува демографски баланс помеѓу машките и женските жители што постои и во Градот Скопје што би претпоставило дека нивното учество во донесувањето на одлуки на локално ниво и управувањето за јавните услуги треба да биде исто така избалансирано.