СВР Скопје, одделение за превенција ја започна кампањата „Среќна и безбедна 2019 година – петардите не се играчки“.

По тој повод СВР Скопје во соработка со Општина Чаир и Црвениот Крст на Град Скопје денес во основното училиште „Имри Елези“ одржа симулација – укажување прва помош на повреда здобиена од употреба на пиротехничко средство.

Целта на оваа кампања е да се подигне јавната свест кај сите граѓани а особено кај најмладите генерации со што веруваме дека ќе придонесуваме за намалување на употребата на пиротехнички средства во нашата општина.

Посакуваме што побезбедно да ја дочекуваме Новата 2019 година.