Бесир Алили е борачот на Клубот “Лириа” од Скопје кој го освои сребрениот медал на Европското првенство во борење.
Овој голем талент и примерен спортист со огромно задоволство беше пречекан од страна на Градоначалникот Висар Ганиу му честита и му укаже поддршка во секој чекор од неговата кариера. Тој беше придружен од легендата на борењето Шабан Сејдиу и раководството на Клубот “Лириа” составено од потпретседателот Амет Адеми, шефот на стручниот штаб Хајруш Синани и тренерите Седат Бафтиу и Суфијан Исмаили.
На Клубот “Лириа” Градоначалникот Ганиу и додели благодарница за придонесот во промовирањето на спортските вредности, додека пак на младиот Бесир благодарница за постигнатиот успех и сосема заслужен финансиски подарок од 30.000 денари.