Општина Чаир во соработка со УНДП во рамките на проектот “Зајакнување на капацитетите на општинските совети”, донација на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), вчера во просториите на ОУ „Исмаиљ Ќемајли„ ја одржа својата втора сесија на форумот на заедниците.

Главната цел на овој проект е подршката на заедниците во локално ниво како и нивното вклучување во локалната самоуправа.

Граѓаните во оваа програма имаат право да се организираат во различни групи или коалиции и да предлагаат проекти кои потоа ќе бидат финансирани во рамките на проектот “Зајакнување на капацитетите на општинските совети”. На втората сесија, проектите беа предложени од страна на граѓаните и невладините организации за финансирање во рамките на проектот. Во Општина Чаир ќе се одржат вкупно 5 (пет) сесии, а на крајот од четвртата сесија, ќе бидат избрани најмалку еден (еден) и не повеќе од три (три) општински проекти за финансирање.