Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, денеска го пречека градоначалникот на општина Вуштрија, Република Косово, Ферит Идризи.
На денешната средба, во фокусот на разговорот беше соработката меѓу Чаир и Вуштрија, при што двете страни изразија подготвеност за продлабочување на соработката, што директно ќе влијае на зближувањето на граѓаните од двете страни на границата, но и на размената на меѓуинституционални искуства меѓу вработените во локалните самоуправи.
„Во оваа прилика истакнав дека секогаш кога соработуваме, пред се, ние како општини стануваме се понапредни и поразвиени“, изјави по средбата првиот човек на Чаир, Висар Ганиу.