Сo големи почести Градоначалникот на Општина Чаир го пречека денес добитникот на Нобеловата награда за Физиологија и Медицина во 1998 година, г-дин Ферид Мурад,прогласен за почесен граѓанин на Чаир во 2012 година.
Тие остварија една многу пријателска средба и во знак на благодарност за гордоста која и ја даде на местото од каде потекнува со неговата генијалност во светот на науката, Градоначалникот Ганиу се погрижи улицата која веќе неколку години го носи неговото име да име ново обележје, која денес заедно ја претставија.