Денес на состанок го повикав мојот тим за расправа околу повлекувањето на 30-та точка од дневниот ред од Седницата на Советот на Општина која ќе се одржи утре, а во која станува збор за барањето до Советот на Општината за набавка на патничко моторно возило за потребите на Градоначалникот на Општина Чаир.
По консултација со мојот тим донесов одлука средствата за набавка на патничко возило за потребите на Градоначалникот на Општина да се пренаменат за:
- третман на децата со посебни потреби;
- изградба на катче за игротека за деца, како и нивното одржување;
- поддршка на хуманитарни организации.
За извршување на секојдневните задачи ќе продолжам да ја употребам мојата сопствена кола.