Работните средби кои ги реализираме со амбасадорите на државите од Европската Унија имаат големо значење бидејќи преку размена на практиките на функционирање на локалната самоуправа во државите на Унијата и воспоставувањето на една ефикасна соработка создаваме нов прогресивен пристап за поквалитетно извршување на нашите професионални обврски како институции.
Во овие рамки се одвиваше и денешниот работен состанок со Амбасадорот на Република Словенија г-дин Милан Јазбец со кого зборувавме околу моменталната состојба во која се наоѓа Општина Чаир, за што го известив амбасадорот со конкретните чекори преземени од страна на новото раководство. Амбасадорот Јазбец ја изрази неговата подготвеност и силна поддршка за зајакнување на интеракцијата со единиците на локалната самоуправа од Словенија,за што сум му многу благодарен.