Земајќи ги во предвид бројните барања од страна на граѓаните за изградба на една нова градинка за деца, Општина Чаир ве информира дека идејниот проект на Општина Чаир за изградба на новата градинка заврши додека основниот проект е доставен за одобрување до Министерството за труд и социјална политика.
Врз основа на идејниот проект, што се изготви во изминатите 4 месеци, вкупната површина на градинката се предвидува да биде приближно околу 3604,00 m2, за вкупно 280 деца и 27 вработени и вкупно 24 паркинг места.
Градинката, како што сме соопштиле, ќе се гради според сите современи стандарди во просториите на старата детска градинка “Бамби“.