Од денес Јорганџиската улица на Старата Скопска Чаршија ќе биде позната под името “Европска Улица“

27

Од денес Јорганџиската улица на Старата Скопска Чаршија ќе биде позната под името “Европска Улица“

Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу заедно со Амбасадорот на Европската Унија г-дин Самуел Жбогар симболично ја именуваа денес улицата Јорганџиска под името “Европска Улица“. По повод овој настан Градоначалникот на Чаир пред присутните медиуми и граѓани изјави: “На оваа улица пред неколку недели се докажа пред очите на Европа нашата вредност на добро пречекување и најдобро се искажа волјата да се биде дел од Европската Унија преку воодушевувачкиот гест на мајсторот на филиграни г-дин Селајдин Асани, кој на г-ѓа Могерини и подари скромен но многу значаен подарок. Во чест на неговиот гест, заедничка желба беше да го овековечиме овој момент со новото име на улицата и со нејзиното декорирање со чадори на кои стои назнаката “ЕУ за Тебе“.

Ганиу изрази благодарност до Амбасадата на Европската Унија во Македонија за почитувањето на овој хуман гест и за грижата кон Старата Скопска Чаршија преку постојана поддршка на проектите за зачувување на нејзината културна вредност. Тој истотака вети дека ова ново име нема да остане само симболично туку ќе покрене официјална постапка за нејзино формално именување под името “Европска Улица“.

Добијте ажурирања во реално време директно на уредот, сега се претплатите.

Објави од иста категорија

Оваа веб-страница користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитајте повеќе