Општина Чаир во соработка со “Еуро Фарм” додели 140 пакетчиња за децата со посебни потреби на НВО „Имаго Плус„ и „Бота име„ по повод новата година, сакајќи да придонесе во радоста на оваа ранлива категорија од нашето општество.

Општина Чаир им посакува успешна година на децата на овие организации и апелираме за подигнување на општествена свест и поголема грижа кон овие деца. Воедно и се заблагодаруваме на директорката на “Еуро Фарм” Татјана Стерјева за соработката.