На 22 декември 1992 година, со резолуцијата A/RES/47/193, Генералното Собрание на Обединетите Нации одлучи 22 март секоја година да го прослави како Светски ден на Водата, согласно Агендата 21 од Конференцијата на Обединетите Нации за Развој и Животна Средина.
Во рамките на ова, Асоцијацијата за спорт, култура и здравство “Едуко Плус“ во соработка со одделението за Образование при Општина Чаир денес во основното училиште “Лирија“ организираа обука за самосвеста на учениците и значењето на управувањето со вода, под наслов “Нашата драгоценост – водата“ .
Во овој ден се покануваат разни земји да допринесат на локално (национално) ниво, со цел да се конкретизираат активностите во врска со јавното информирање, иницирање на тркалезните маси, организација на семинари и изложби во врска со заштита и развој на изворите од води, како и расправата по фазите за препораките кои се ставени во Агенда 21 во локално ниво.