Општина Чаир и Градот Мостар потпишаа меморандум за соработка

198

Денес во градот Мостар во Босна и Херцегоцина на Саемот на Црешата, Градоначалникот на Општина Чаир и Градоначалникот на Градот Мостар Љубо Бешлиќ потпишаа меморандум за соработка помеѓу Старите Чаршии кои се културни богатства кои ги разубавуваат двата града.

Во неговиот говор,Градоначалникот Ганиу му се заблагодари на Градоначалникот на Градот Мостар за пречекувањето и меѓу другото истакна: “Како две држави од Балканот, не спојува пред се мисијата за зачувување на автентичноста на Старите Чаршии и несомнено потребата за разменување на меѓусебните практики кои ги применуваме за ревитализација на нашите културни центри и за зачувување на старите скапоцени занаети е од огромна важност.”

Саемот го отвори премиерот на Босна и Херцегоцина Дениз Ѕвиздич, со кого делегацијата од Општина Чаир заедно прошета низ саемот за да ги види занаетчиските изработки и на кого му Градоначалникот Ганиу му подари плакета со фигурата на нашата нобелистка – Мајка Тереза.

Добијте ажурирања во реално време директно на уредот, сега се претплатите.

Објави од иста категорија

Оваа веб-страница користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитајте повеќе