Општина Чаир како никогаш досега ги има мобилизарано сите потребни човечки ресурси и механизација во функција на зимското одржување на патиштата, за да се овозможи слободно движење на возилата и пешаците.
Голема благодарност до сезонските работници и на договорната компанија за одржување на улици кои беа контуинурано на терен и се спремни за да интервенираат во случај да има обилни врнежи од снег и појавувањето на други пречки во сообраќајот.
Денес ги исчистивме улиците “Џон Кенеди“,“Крсте Асенов“, “Методија Митевски“, “Благоја Паровиќ“, “Роналд Реган“, “Емин Дураку“, “Чаирска“, “Никола Грчето“ и др.