Општина Чаир и Министерството за Економија ја започнуваат реализацијата на третата фаза на проектот за санација и адаптација на излозите на 97 дуќани во Старата Скопска Чаршија

14

Од Старата Скопска Чаршија, Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу заедно со Министерот за Економија Крешник Бектеши и претседателот на Еснафот на Старата Скопска Чаршија Бејтула Морина го одбележаа официјално почетокот на третата фаза на многу важниот проект за конзервација, санација и адаптација на витрините на дуќаните во Старата Скопска Чаршија.

Oваа фаза од проектот опфаќа санирање на излозите на вкупно 97 дуќани во вкупен износ од 11 400 000 денари и реализацијата на истиот ја започнуваме денес со потпишување на договорот помеѓу Општина Чаир и избраниот економски оператор КОНСТРУКТОР ДОО по спроведената законска постапка за јавна набавка.

Со ова јасно се докажа посветеноста на институциите за оживување на културниот и туристичкиот живот во Старата Скопска Чаршија преку зачувување на автентичноста на нејзината инфраструктура.

Добијте ажурирања во реално време директно на уредот, сега се претплатите.

Објави од иста категорија

Оваа веб-страница користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитајте повеќе