Со динамика дефинирана од страна на Секторот за урбанизам сме започнале и со неопходниот процес на реконструкција и крпење на уличните дупки со асфалт во населба Гази Баба односно на улиците “Ордан Чопела” и “Менделеева”.
Заедно со г-дин Бесник Ајети – Советник во Град Скопје, Градоначалникот на Општина Чаир г-дин Висар Ганиу денес беше на терен за да изврши непосреден надзор над работите што се извршуваат за рехабилитација на овие улици.