Пуштено е во употреба велосипедската патека на ул. “Втора Македонска Бригада„ во Чаир

116

Чаир станува секој ден по пријателски настроен кон оние кои го одбрале велосипедот како средство за движење.

Во координација со Градот Скопје Општина Чаир има изработено план за создавање на минимална мрежа на патеки за велосипеди и во Чаир. Во рамките на овој проект беше опфатена и улицата “Втора Македонска Бригада” каде Град Скопје инвестираше. Завршувањето на работите денес ги обележаа Градоначалникот на Општина Чаир г.Висар Ганиу заедно со директорот на Јавното претпријатие “Улици и патишта – Скопје” Сенад Смаиловиќ.

Со изградбата на овој сегмент, продолжувајќи потоа со другите улици и булеварди во Чаир, ќе се овозможи создавање на една главна оска на велосипедски патеки кое ќе го поврзе Чаир со другите делови на градот.

Истотака, Општина Чаир ги известува граѓаните на Чаир дека ќе надомести до 50% од трошоците на првите 50 граѓани кои ќе купат велосипед, но не повеќе од 3.000 денари по човек вклучувајќи ја и вредноста на ДДВ, по принципот “прв доаѓа, прв купува”, додека услов за добивање на надоместокот е да се биде граѓанин на Чаир.

Нема веќе пречки за никого да го употреби што е можно повеќе велосипедот како средство за движење, не само како еколошко средство во сообраќајот но и како начин за одржување на физичката благосостојба и реализирање на секојдневните обврски на побрз начин.

Добијте ажурирања во реално време директно на уредот, сега се претплатите.

Објави од иста категорија

Оваа веб-страница користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитајте повеќе