Средбитe помеѓу градоначалниците на единиците на локалната самоуправа несомнено се од посебно значење за да бидеме во служба на граѓаните. Изградбата на стабилни темели на соработка е повеќе од потребно за да се подобрат нивоата на управувачкиот ефикаситет на општините.

Со оваа цел, Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу заедно со Советникот на Град Скопје г-дин Бесник Ајети го пречека денес Градоначалникот на Општина Бутел г-дин Велимир Смилевски за да ја истражат можноста за соработка во следните предвидени проекти. За време на овој работен состанок Ганиу истакна: “Се надеваме дека оваа соработка ќе стави крај на бариерата која ја создаваат административните граници помеѓу нашите општини и да почнеме да размислуваме дека тие граници не постојат кога се во прашање потребите на нашите граѓани.“