Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу, денес свечено го прогласи за официјално започнат проектот на УЕФА – спортскиот камп кој го препознава талентот и страста за фудбалот кај нашите деца и со ова ја креира новата генерација на спортската гордост за која Чаир е од многу одамна познат. Присутни на овој многу важен едукативен настан беа претседателот на Федерацијата на училишните спортови г-дин Саша Туфегџиевски, г-дин Бојан Марковски – претставник на Фудбалската Федерација на Македонија и посредник за проектот со најголемата куќа на фудбалот – УЕФА, техничкиот координатор на проектот на државно ниво г-дин Али Садетин – Сетко и многу легенди на домашниот фудбал.
Дел од овој камп во сите негови фази ќе бидат талентираните ученици на овие основни училишта во нашата општина: “Лириа“, “Тефејуз“, “Хасан Приштина“, “Исмаил Ќемали“ и “Васил Главинов“. Во неговото обраќање, Градоначалникот Ганиу истакна: “Спортските едукативни кампови се златна можност за во личноста на нашите деца да ја засадиме љубовта за спортот и здравиот физички развој.“ Тој на учениците и се обрати и со мотивирачки зборови.