19 СМАРТ ТАБЛИ за ООУ „Исмаил Ќемали“ во Чаир

9

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, денес во просториите на ООУ „Исмаил Ќемали“ заедно со министерката за Образование и наука, Мила Царовска, директорот на Акционерското Друштво МЕПСО, Куштрим Рамадани и директорката на училиштето Бурбуќе Имери ја одбележаа следната инвестиција во областа на образованието, поставувањето на вкупно 19 смарт табли во служба на современите наставни потреби во ова училиште.

Ова е заедничка инвестиција на Општина Чаир со Акционерското Друштво МЕПСО, која достигнува вкупна вредност од близу 1.600.000 денари или близу 26.000 евра.
Според Ганиу, со оглед на фактот дека светот брзо се отвора кон дигитализацијата, ова не е едноставна инвестиција, туку многу важен чекор за квалитетен образовен процес според современите стандарди.

Големата важност на оваа инвестиција ја зголемува фактот дека таа се совпаѓа со прогресивниот пристап на Министерството за образование и наука и нејзината посветеност кон имплементација на иновативни механизми за настава.

Ганиу истакнува дека инвестициите во училиштата, следствено на тоа во знаењето, се највредната работа што може да ја направи Општина Чаир.

Добијте ажурирања во реално време директно на уредот, сега се претплатите.

Објави од иста категорија

Оваа веб-страница користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитајте повеќе