По повод одбележувањето на 9 декември, “Денот на полициска превенција“ и во рамките на активностите на Единицата за развој на полицијата при мисијата на ОБСЕ во Скопје а во соработка со Секторот за превенција при СВР Скопје, денес со Градоначалниците на Општините на град Скопје, Министерот за внатрешни работи на Македонија, командирите на полициските станици во Скопје, претставниците на верските заедници и Амбасадорот на мисијата на ОБСЕ во Македонија Градоначалникот на Општина Чаир, г-дин Висар Ганиу учествуваше во настанот под наслов “Превенција во фокус на интересот на МВР и ОБСЕ“.