АНТОН СЕМЈОНОВИЧ МАКАРЕНКО

228

Основно Училиште "АНТОН СЕМЈОНОВИЧ МАКАРЕНКО"

Основното училиште за возрасни ”А.С. Макеренко” е единствена установа со основна дејност образование на возрасни во градот Скопје и во Република Македонија. Се наоѓа во северо-источниот дел на градот Скопје во општина Чаир на ул. Џон Кенеди бр.32.

Општина Чаир се наоѓа во северниот дел на град Скопје, се граничи на југ со општина Центар, на запад со Општина Карпош, на исток со општина Гази Баба и на север со општина Шуто Оризари и Бутел.

Според статистиката од 2002 година во општината живеат 64773 жители. Од нив Албанци 35921 или 57%, Македонци 19628 или 24,13%, Турци 4500 или 6,95%, Роми 3083 или 4,76%, Бошнаци 2950 или 4,55% и останати 1691 или 2,61%. Без школо 2576 жители или 5,22%, а со незавршено школо 4933 или 10%.

Училиштето има богата традиција и постои повеќе од 50 години. Најнапред од 1963 до 1972 година под името ОУ за возрасни ”Кочо Рацин”, а од 1973 година до денес  со сегашното име  ”А.С.Макаренко”.

Работи како Централно училиште со повеќе подрачни центри во градот и неговата околина, односно секаде каде има заинтересирани посетители кои го немаат оформено основното образование. Бројот на посетители и распоредот на подрачните центри со текот на годините се менувал во зависност од потребите на посетителите и општествените промени. Наставата се одвива на мaкедонски и на албански наставен јазик.

Училиштето на сите заинтересирани посетителите им нуди можност за дооформување и завршување на основното образование за понатаму да го продолжат своето образование во средните училишта.

Училиштето располага со високо стручен наставен кадар.

ИНФОРМАЦИИ ЗА УЧИЛИШТЕТО

Име на училиштето:

АНТОН СЕМЈОНОВИЧ МАКАРЕНКО

Адреса:

Џон Кенеди бр.32

Директор:

Хазби Топојани

Телефонски број:

+389 2 622 478

Е-пошта:

a.s.makarenko@hotmail.com

Верификација- број на актот:

10-1084/3

Година на верификација:

12.04.1995

Јазик на кој се изведува наставата:

Албански јазик и Македонски јазик

Година на изградба:

1980

Тип на градба:

Тврда градба

Површина на објектот:

500 m2

Површина на училшниот двор:

500 m2

Површина на спортски терени и игралишта:

/

Училиштето работи во смена:

2 смени

Начин на загревање на училиштето:

Со дрвја

Број на одделенија:

28

Број на паралелки:

28

Број на наставен кадар:

30

Број на ученици:

348

Добијте ажурирања во реално време директно на уредот, сега се претплатите.

Објави од иста категорија

Оваа веб-страница користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитајте повеќе