По повод започнувањето на најголемиот спортски настан во Европа – “Eвропската Недела на Спортот”, каде ќе учествува и Република Македонија преку Агенцијата за Млади и Спорт, а Општина Чаир како партнер во еден ваков голем проект, чија цел подигнување на свеста за позитивните ефекти од спортот и физичката активност, ќе учествува со овие активности:

• 24.09.2018 – (10.00 часот)
Локација – Јавна општинска установа – детска градинка “Фидани”
– едукативен час со децата од градинката “Фидани“ како и рекреативно – образовни активности

• 26.09.2018 – (16 -17.30)
Локација – О.У “7 Марси”
– пријателска игра во мал футбал помеѓу О.У “7 Марси“ и О.У “Хасан Приштина“

• 27.09.2018 – (10-11:30)
Локација – Јавна општинска установа – детска градинка “Снежана”
– едукативен час со децата од градинката “Снежана“ како и рекреативно – образовни активности

• 28.09.2018 – (19:00)
Локација – О.У “Невена Георгиева – Дуња” во Кисела Вода
– 15 градоначалници на општините (Екипа на Градоначалниците) ќе играат една пријателска натпревар во кошарка против Администрацијата за млади и спорт.