Хасан Приштина

2.484

Основно училиште "Хасан Приштина"

Училишниот објект на OОУ “Хасан Приштина” се наоѓа во општина Чаир Скопје, каде се воспитуваат и образуваат ученици од хетероген состав.

Училиштето постои од 1945 и било лоцирано во месноста еврејско мало. Од 1963 година постои на денешната локација на улица „Коста Абрашевич„  бр. 7 и е училиште со стара традиција многу пофалници и награди.

Воспитно-образовната дејност при OОУ “Хасан Приштина” – Чаире организирана за учениците од I-IX одделение и тоа во паралелки на два наставни јазика, албански и македонски јазик .

Во училиштето наставно-воспитната дејност ја организираат 69 наставника, 1 директор, 1педагог, 1 психолог, 1 библиотекар  и   1 дефектолог кој што во нашето училиште е опфатен еден ден во неделата .

Во рамките на стручно-педагошко усовршување реализирани се повеќе програмски подрачја за интерен развој на персоналот, со цел да се подобри квалитетот во реализација на наставата.

Училиштето континуирано учествува на многубројни конкурси, литературни, ликовни и други (општински, државни и олимпијади) по предмети и области.

За својот труд и постигања, учениците добиваат многубројни награди, дипломи, признанија, благодарници, плакети, статуети, пехари и друго.

Активностите поврзани за проширување на знаењата си имаат своја остварливост преку реализирање на натпреварите од типот, меѓу одделенски, општински, регионални и државни.

На општински натпревар организира од општина Чаир “Олимпијада на знаење 2018“, нашето школо освои прво место

ИНФОРМАЦИИ ЗА УЧИЛИШТЕТО

Име на училиштето:

Хасан Приштина

Адреса:

Ул. Коста Абрашевич бр.7

Директор:

Љуљиета Ќереими

Телефонски број:

+389 2 2621 055

Е-пошта:

shf.hasanprishtina@yahoo.com

Верификација- број на актот:

11-2211

Година на верификација:

26.06.1984

Јазик на кој се изведува наставата:

Албански јазик и Македонски јазик

Година на изградба:

1962-1980

Тип на градба:

Тврда градба

Површина на објектот:

3185 m2

Површина на училшниот двор:

2500 m2

Површина на спортски терени и игралишта:

2450 m2

Училиштето работи во смена:

2 смени

Начин на загревање на училиштето:

Сопствено парно греење

Број на одделенија:

1-9

Број на паралелки:

43

Број на наставен кадар:

69

Број на ученици:

976

Добијте ажурирања во реално време директно на уредот, сега се претплатите.

Објави од иста категорија

Оваа веб-страница користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитајте повеќе