Во рамките на ИПА2 – пројектот за меѓугранична соработка Градоначалникот на Општина Чаир, г.Ганиу вчера реализираше средба со Градоначалникот на Општина Призрен, г. Митахир Хаскука со цел обновување и продлабочување на соработката помеѓу двете општини.
Со општина Призрен секогаш сме остварувале процес на трговска размена, културна и роднински врски, затоа и двата градоначалници ветија дека во иднина соработката ќе се продлабочи уште повеќе и во развојот на други пројекти финансирани од различни институции од областа на културното наследство, промоција на туризмот, образованието, културата, младите и спортот.