Сегашната Општината Чаир е формирана на 15 април 2004 година, со новиот Закон за новата територијална поделба (“Службен весник на РМ” бр.55/04), меѓутоа како општина датира уште од 15 април 1976 година кога е формирана со Законот за формирање на општини во рамките на Град Скопје и за утврдување на нивните подрачја (“Службен весник на СРМ” бр.8/76). Со новата територијална поделба границите на Општината Чаир во голема мера се стеснети што ќе претставува голем хендикеп за понатамошниот развиток на Општината. Територијата на Општина Чаир била населена уште во времето на Неолитот, а за ова сведочат и археолошките наоѓалишта во Дижонска населба (1999 година)