Уметничко цртање на трафо станиците од страна на учениците на основните училишта во Општина Чаир

18

Општина Чаир и Организацијата “Centre for Common Ground” ја реализираа следната активност во рамките на проектот “Зајакнување на отпорноста кон насилен екстремизам на локалните заедници во Македонија” кој е поддржан од Амбасадата на Велика Британија и Амбасадата на Холандија.

Овој пат учениците на 9-то одделение на основните училишта во Чаир заедно со нивните наставници по ликовно образование реализираа уметничко цртање на трафо станиците на територија на Општина Чаир, бришејќи ги графитите како говор на омраза и заменувајќи ги со прекрасни уметнички дела.

На ваков начин најдобро го промовираме мирот и го стимулираме креативитетот на младите за поубави населби.

Добијте ажурирања во реално време директно на уредот, сега се претплатите.

Објави од иста категорија

Оваа веб-страница користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитајте повеќе