PROFILI I KOMUNËS SË ÇAIRIT

Статус на Општина Чаир – PDF

Чаир покрива една површина од 3,25 км², се простира во северо – западна Македонија или во северо – источниот дел од градот Скопје.

Со новата територијална поделба градот Скопје го сочинуваат 10 општини меѓу кои е и Општината Чаир. Општината Чаир се наоѓа во скопската котлина, како дел од Скопје. Надморската висина на скопската котлина  е 245 метри и околу неа се распостилаат високи планини. На јужната страна се распостила планината Водно, со која се поврзани планините Караџица и Јакупица. На нејзината југозападна страна е распослана планинана Сува Гора. На нејзината северна страна се наоѓа планината Скопска Црна Гора. Гледано од географски аспект Општината Чаир е поставена во централниот дел на котлината, во урбаниот дел на град Скопје, и е ориентирана вдолж течението на реката Вардар, а лежи на левата страна на реката, поставена во центарот, срцето на Скопската котлина. Нејзината поволна географска положба и овозможува на Општина Чаир таа ги врши своите главни функции на различни нивоа и тоа како што следи:

  • Административни и државни
  • Политички и економски
  • Културни и образовни

Чаир, со неговата поволна положба во Скопската котлина, не располага со доволна територија за територијално проширување, со оглед на тоа дека претставува голем центар и е единствена од аспектот на администрирањето и менаџментот, како политички, економски и културен центар во Скопје, Општината Чаир е во постојан динамичен развиток, како од економски така и од демографски аспект.  

 Геотектонските карактеристики сеизмологија

Од геотектонски аспект Општината има сложена тектонска структура и нејзиниот поголем дел и припаѓа на Скопската котлина.

Гледано од сеизмолошки аспект Скопската Котлина е доста активна. Според некои анализи направени во блиските и по далечните епицентрални подрачја може да се види дека градот е изложен на релативно висока сеизмичка активност. Затоа во регионот на Скопје се можни и земјотреси со јачина од над 9 (девет) степени според Меркалиевата скала.

Клима

 Скопската Котлина, каде што е сместена и Општината Чаир, од четири страни е опкружена со високи планини, има медитеранско-континентална клима заради влијанието на блиското Егејско Море, а тоа влијание доаѓа по течението на реката Вардар од една страна на југ, а од друга страна заради продорот на континенталната клима преку долината на реката Морава на  север. Ова значи дека во оваа Општина има долги и топли лета со мали количества на дождови, но истовремено значи дека зимскиот период е долг и студент со големи количества на врнежи на снег. Но, сепак просечната годишна температура  се движи околу 14,5 ° Ц. Екстремното движење (разлика меѓу летните и зимските) на температурата е 68 ° Ц, а средната 23 ° Ц. Во текот на годината има голем број на сончеви денови, кои ја прават општината погодно место за живеење,

Климата во Општина Чаир и во Скопската Котлина каде што е распослана Општината Чаир, е условена од различни фактори : географски, соларни, проточни и антропогени. Од една страна ја имаме климата којашто се формира во котлините, а од друга страна го имаме влијанието на урбаната средина (зградита, асфалтот, емисијата на материи кои загадуваат и друго). Сето ова споменато погоре, има свое влијание на микроклимата којашто се манифестира со :

– појава на термички острови (на облаците) над градот што го има за резултат фактот што градот е потопол и има по сува клима  во споредба со неговата околина;

– посебен режим на движење и струење на воздухот.

Честопати во источниот дел и во пониските делови на градот има појава на магла, чијшто интензитет е поголем во утринските часови.

 Вегетација

Треба да се спомене дека Општина Чаир е општина со најголеми зелени површини во рамките на градот Скопје.

Јавните зелени површини во Општина Чаир се состојат од паркови, линии со засадени дрвја и скромни полиња засадени со зеленило. Но, сметаме дека сето ова е недоволно, имајќи ја предвид згуснатата конструкција во нашата Општина.

Сметаме дека е значајно да се одреди линијата на дворовите, линијата на засадените дрвја по тротоарите на улиците како и заштитното зеленило околу зградите, заради можноста за организација на поголеми зони за рекреација и со зеленило во овој дел од градот.

 ИСТОРИЈАТА НА ОПШТИНАТА

Општината Чаир е основана во 1976 година со законот за формирање на општините во рамките на градот Скопје. Со новиот закон за новата територијална поделба, границите на Општината Чаир во голема мера беа стеснети, што претставува голем хендикеп за понатамошниот развиток на Општината.

Територијата на Општината Чаир била населена уште во времето на неолитот, а за ова сведочат археолошките наоѓалишта во Дижонска населба (1999 година), каде, меѓу другото, се пронајдени различни фигури меѓу кои и на фигурата на божицата на плодноста.

Според многу извори од тоа време, античкиот град Скупи е основан во втората половина на IV век п.н.е. на левата страна на реката Вардар (Бела река С.А.) од страна на илирското племе Дардани. Античкиот град Скупи имаше, според истите извори, широка распосланост почнувајќи од денешно Бардовци, Злокуќани па се до Калето и еден дел од Старата Скопска Чаршија.  Во средновековниот период во изворите останати од разните провинции, се верифицира присуството на   Арберите, наследниците на  Дарданите. Нивното присуство било доста големо и после српското и бугарското освојување на овие територии. Во Скупи, во 1054 година, по расцепот и поделбата на христијанската црква на два дела, на западна (католичка) и источна (православна), албанците и другото мнозинско население на овој град остануваат во рамките на западната црква. Мнозинството на жителите на овој град и припаѓаа на католичката црква и како такви биле против православниот црковен ритуал, што беше било повод, од страна на Царот Душан, тие да бидат вознемирувани, тероризирани и преморувани заради нивно конвертирање во православна вероисповед, што било реализирано преку посебен закон познат како “Законот на Царот Душан”.

Заради поповолната клима која ја има Скопје во споредба со Едрене, хроничарите од времето на османлиското царство пишуваат дека Султанот Мурат II ја поминувал зимата во овој град, и тоа во регионот на Општина Чаир. Од друга страна, заради неговата поволна централна положбана Балканот, во Скопје, во полето на денешната Топаана е сместен централниот гарнизон на Турската Империја, заедно со тешката артилерија, а тука беа  поправани и топовите на  војската на османлиската империја. Овој гарнизон и тешкото вооружување било користено за нападите  против Албанија. Оттогаш местото каде беа поправани топовите беше наречено Поле на Топовите (Топхане). Османлиските хроничари пишуваат дека токму на ова место на 27 април 1463 година  е потпишана една позната спогодба меѓу Султанот Мехмет II и Скендербег.

На денешната територија на Општина Чаир, со воспоставувањето на османлиската власт беа изградени и првите џамии како што се : Султан Муратовата Џамија, Мустафа Пашината Џамија, Алаџа Џамија  и други, но и други објекти со ориентални карактеристики.

Според податоците кои ни ги оставил патописецот Евлија Челебија, од времето на неговата посета на Скопје во 1637 година, тој ќе потврди дека во Скопје во тоа време имаше 70 населби и дека тука се зборувале два јазика – албанскиот и румискиот (грчкиот) јазик. Од друга страна, тој пишува дека градот бил распослан на двете страни на реката и тоа, делот на градот од  левата страна на реката била урбанизиран и функционален, а делот на градот на десната страна на реката била неурбанизиран и нефункционален.  

Во првиот дел на  XIX век, Хавзи Паша во населбата Чаир има изградено убави сараи. Овие сараи, покрај за живеење, служеле и за административните работи на Скопскиот Санџак, во кој, во тоа време беа вклучени 14 кази (Скопје, Качаник, Тетово, Кичево, Дебар, Ќустендил, Елник, Струмица, Радовиш, Штип, Кратово, Куманово, Крива Паланка и Кочани).

Скопје, по доаѓањето на Османлиите се трансформира во занаетчиски и трговски центар на Балканот. Територијата на Чаир ја играше клучната улога во понатамошниот развиток на градот во целина, заради тоа што оваа територија ги опфаќаше Безистенот, неколку Анови и други објекти за развивање на трговијата и занаетчиството.

Името на Општината

Во врска етимологијата на името Чаир постојат различни тврдења. Од нив треба да бидат истакнати две:

 Името Чаир потекнува од турскиот збор кој значи ливада опкружена со дрвја, тоа е едното објаснување, а другото објаснување е дека потекнува од името на еден човек којшто живеел на оваа локација а името му било Кадин Чаир, а тој се споменува во документите од 1549/50 година, како наследник на вакуфнамето на оџата Муслихудин ал-Мадин.

Верските објекти

Џамиите

  • Султан Мурат – 1436
  • Алаџа
  • Хаџи Балабан
  • Мурат Паша
  • Иса Бег
  • Ќебир Мехмед Челеби
  • Гази Иса Бег
  • Мустафа Паша
  • Хаџи Јунуз
  • Хидаверди
  • Хаџи Ајредин
  • Јахја Паша
  • Араста
  • Хатунџук
  • Дучаџик
  • Капуџ Хамза
  • Тутунсуз
  • Џехид Иса Бег
  • Хаџи Чазим
  • Хаџи Мујдин
  • Чосе Кади

Теќиња и турбиња

  • Бејхан Султан
  • Алаџа
  • Мустаф Паша
  • Јахја Паша
  • Хатунџик

Кули

  • Саат Кула – 1566

Цркви

  • Свети Џорџи

НАСЕЛЕНИЕ

Број на население според пописот од 2002 година

Вкупниот број на население во рамките на Општина Чаир според пописот во 2002 година е 64.773 жители или 3,2% од целокупниот број на жители на Република Македонија (РМ). Имајќи предвид дека територијата на Општината  е 3,52 км², произлегува дека  во Општината  има голема густина на населеност (можеби најголема во Европа) односно во неа живеат 18.400 жители на еден квадратен километар. 

 Структура на населението според националната припадност

Структура на населението според возраста

Struktura e popullsis sipas përkatsis nacionale

Struktura e popullsis sipas moshës

Оваа веб-страница користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитајте повеќе