Изет Меџити е албански политичар од Република Северна Македонија.
Роден е на 8 февруари 1977 година во Скопје.
Моментално ја извршува функцијата градоначалник на Општина Чаир.
Во периодот 2024–2025 година, тој ја извршуваше должноста прв вицепремиер на
Владата на РСМ и Министер за животна средина и просторно планирање.
Исто така, од 2023 година е основач и претседател на политичката партија Демократско
движење.
Животот и образование:
Изет Меџити е од албанско потекло, роден и израснат во Скопје.
Средното образование го завршил во гимназијата „Зеф Луш Марку“ во Скопје.
Високото образование го стекнал на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на насоката Финансиски менаџмент и сметководство.
Подоцна се стекнал и со магистерска диплома по јавен менаџмент, на истиот универзитет.
Професионална и политичка кариера
Пред целосното ангажирање во политиката, Меџити работел како професор по економија во Средното училиште „Арсени Јовков“ во периодот 2001–2003 година.
Од 2003 до 2005 година, бил именуван за економски советник во Пошта на РСМ.
Во 2005 година, бил избран за градоначалник на Општина Чаир, функција која ја извршувал до 2017 година.
Во овој период, раководел со над 100 инфраструктурни проекти, насочени кон подобрување на општинската инфраструктура и развој на културни активности, зајакнувајќи го претставувањето на албанската заедница во Скопје.
Во 2020 година, бил избран за пратеник во Изборната единица 1 во Собранието на РСМ.
Од 2024 година до локалните избори во 2025 година, ги извршувал функциите на прв вицепремиер на Владата на РСМ и Министер за животна средина и просторно планирање во Владата на РСМ.
Главни достигнувања
Личен живот:
Изет Меџити е женет и има три деца. Живее во Скопје.