Сектор за урбанизам на градежно земјиште, комунални работи и заштита на животната средина

Сектор за урбанизам, уредување на градежното земјиште, комунални работи и заштита на животната средина. Во состав на секторот се следниве одделенија:

Овој систем овозможува ефикасен, транспарентен и унифициран начин на постапување на сите надлежни органи и субјекти, согласно современите стандарди, во најкраток можен рок и врз основа на вашето барање.

Оваа услуга е достапна на следниот линк: www.gradezna-dozvola.mk

Преку овој систем можете да поднесете:
– Барање за одобрение за градење, доградба и надградба;
– Барање за измени во текот на градењето;
– Барање за промена на инвеститор;
– Барање за одобрение за употреба на објект;
– Барање за одобрение за реконструкција;
– Барање за одобрение за пренамена;
– Барање за одобрение за адаптација;
– Барање за одобрение за изведување подготвителни работи;
– Барање за одобрување на идеен проект;
– Барање за донесување решение за изведување градби за кои не е потребно одобрение за градење.

Информацискиот систем овозможува водење на постапките во сите нивни фази исклучиво по електронски пат, почнувајќи од електронско поднесување и електронско потпишување на потребната документација од страна на инвеститорот, електронска подготовка и одобрување на актите во постапката, електронско известување и обезбедување на потребните информации и документација од другите вклучени страни, како и електронско доставување на документите во постапката.

За секоја фаза во која се наоѓа вашиот предмет, ќе бидете автоматски известени преку независниот систем за доставување електронска пошта, како и преку автоматски нотификации испратени по пат на СМС-пораки.

Услугата е достапна на следниот линк: www.gradezna-dozvola.mk

Прво, кликнете на иконата а потоа ќе се отвори прозорец за преглед или преземање на документацијата.
Доколку имате било какви проблеми со преземањето на документацијата, ве молиме контактирајте не преку нашата е-пошта за поддршка: web@cair.gov.mk