Основното училиште Имри Елези е основано со Одлука бр.07-32/61 од 01.02.1980год. а верифиџирано со Решение бр. 10-372/3 од 12.04.1995год. на Општинскиот комитет за образование, култура и физичка култура на Собранието на Општина Чаир – Скопје. Училиштето Имри Елези, се наоѓа во Општина Чаир на ул. Браќа Реџепагиќ б.б. населба Дижонска – Скопје. Зградата е изрградено во 1979год. од тврда градба и соодветстува на намената за која изградена.Површината на објектот е 4900 м2, а површината на училишниот двор изнесува 5200 м2.
Во ОУ “ Imri Elezi ” – наставно – воспитната работа се реализира во 17 паралелки од I-V одделение, од кои една паралелка во IV – то одд. со настава на македонски наставен јазик, додека останатите на албански наставен јазик. Од VI – IX-то одделение има 14 паралелки од кои 2 паралелка vo VII – то и 1 паралелка vo IX – одд. на македонски наставен јазик додека 12 паралелки на албански наставен јазик.
Зошто да го избереме нашето училиште?
Нашиот посветен тим на едукатори користи иновативни наставни методи, осигурувајќи дека учењето е ангажирано и ефективно. Ја разбираме важноста да се создаде атмосфера за поддршка каде што децата се чувствуваат охрабрени да ги истражуваат своите интереси и да развијат љубов кон учењето. Во нашето училиште, ние веруваме во всадување на вредности кои ги надминуваат училниците, промовирајќи го развојот на карактерот, соработката и издржливоста. Нашите современи капацитети и ресурси придонесуваат за динамично учење, подготвувајќи го вашето дете за предизвиците во иднината.
- Име на училиштето: ООУ ИМРИ ЕЛЕЗИ
- Адреса: Ул. Браќа Реџепагиџ бб Дижонска, Скопје 1000 СРМ
- Директор: Лулзиме Ислами
- Официјален телефон: +389 2 62 26 75
- Електронска е-пошта: ou-imrielezi-chair@schools.mk
- Верификација - акт број: 10–372/3
- Година на верификација: 12.04.1995
- Наставен јазик: Албански и Македонски јазик
- Година на градба: 1979
- Вид на градба: Тврда градба
- Површина на објектот: 4900 m2
- Површината на училишниот двор: 5200 m2
- Површина на спортски терени и сали: 1000 m2
- Училиштето работи во смени: 2 смени
- Начин на загревање на училиштето: Централно греење
- Број на класи: 1-9
- Број на паралели: 31
- Број на образовна рамка: 84
- Број на ученици: 922