Основното општинско училиште “Јашар Беј Шкупи” – Скопје делува во централното градско подрачје, како самостојно училиште. Лоцирано е во месноста Дуќанџик и во него се воспитуваат и образуваат ученици на три наставни јазици: Албански, Македонски и Турски.
Во учебната 2018/19 година во училиштето се запишаа 459 ученици распределени во 36 паралеки. За паралелките со помал број на ученици е побарана согласност од Министерството за образование и наука.
Наставата се изведува на македонски ,албански и турски јазик а од странските јазици се изучуваат Англиски јазик,како прв странски јазик, од 1до 9 одделение и францускиот јазик,како втор странски јазик од 6-9 одделение.
Оваа учебна година работaт вкупно 36 паралелки,и тоа: 18 на настава на албански јазик,9 на настава на македонски јазик и 9 во настава на турски јазик.
- Име на училиштето: SHFK JASHAR BEJ SHKUPI
- Адреса: Дуќанџик бб, Скопје 1000 СРМ
- Директор: Рахим Максути
- Службен телефон: +389 2 3 220 677
- Електронска е-пошта: shf_jasharbejshkupi@yahoo.com
- Верификација - акт број: 15-22-15
- Година на верификација: 1984
- Наставен јазик: Албански, Македонски и Турски јазик
- Година на градба: 1957
- Тип на градба: Цврста градба
- Површина на објектот: 3932 m2
- Површината на училишниот двор: 2260 m2
- Површината на спортските терени и сали: /
- Училиштето работи во смени: 2 смени
- Начин на загревање на училиштето: Централно греење
- Број на класи: 1-9
- Број на паралели: 36
- Број на образовна рамка: 54
- Број на студенти: 459