ИЗВЕСТУВАЊЕ
Интересот за програмата „Бесплатна настава по пливање за деца“, организирана од Општина Чаир во рамки на платформата „Чаир во ритамот на здравјето“, значително го надмина предвидениот капацитет за реализација на овој циклус.
Изборот на учесниците ќе се врши според редоследот на пријавување (прв пријавен – прв избран), а предност ќе имаат децата кои се жители на Општина Чаир.
Програмата се реализира согласно капацитетите на базенот. Од месец септември, базенот ќе биде ставен во функција на реализација на наставата по пливање во рамки на наставната програма по Физичко и здравствено образование, за учениците од училиштата кои имаат пливање како дел од наставниот план. Воедно, Општина Чаир и во иднина ќе продолжи да организира слични спортски и рекреативни активности за децата.
Им благодариме на сите родители за големиот интерес и укажаната доверба кон оваа програма.
ЈАВЕН ПОВИКБЕСПЛАТНА ШКОЛА ЗА ПЛИВАЊЕ ЗА ДЕЦА
Општина Чаир ги повикува родителите и старателите да ги пријават своите деца за учество во програмата „Бесплатна школа за пливање“, која ќе започне на 15 август.
Програмата има за цел совладување на основните техники на пливање и се реализира бесплатно за сите учесници.
Програмата е наменета за деца од следните возрасни групи:
Групите ќе бидат мешани (девојчиња и момчиња), а максималниот број на учесници е 30 деца во еден термин.
Секој учесник треба самостојно да ја обезбеди потребната опрема за следење на наставата:
Наставата ќе ја реализираат двајца инструктори по пливање, под надзор на четворица професори од Универзитетот „Мајка Тереза“ (УНТ).
Родителите и старателите можат да ги пријават своите деца навремено, бидејќи бројот на местата е ограничен.
Почеток на програмата: 15 август
Учеството во школата за пливање е бесплатно.