ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТОТ
МУХАМЕT МУРТЕЗИ
Мухамет Муртези е роден на 4 април 1966 година, во Скопје, Општина Чаир. Средното образование го има завршено во Гимназијата „Зеф Луш Марку“ во Скопје. Додипломските студии ги има завршено на Медицинскиот факултет при Универзитетот во Приштина, додека магистерските студии ги има завршено на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на Филозофскиот факултет, на студиската програма Европски студии за интеграција.
Од 1991 година е активен дел од граѓанското општество, со придонес во различни области и дејности. Меѓу другото, ги извршувал следните функции:
• Претседател на Здружението на албански издавачи (2004–2006, 2010–2012);
• Претседател на Центарот за меѓусебно разбирање и институционална соработка (2010–2018);
• Главен и одговорен уредник на културно-научното списание VEPRA (1998–2011);
• Главен и одговорен уредник на меѓународното научно списание CENTRUM (2013–2018);
• Коосновач и директор на Издавачката куќа „Furkan ISM“.
Бил учесник, предавач и обучувач на бројни дебати, семинари, симпозиуми и обуки од различни области, поврзани со човековите права и слободи, квалитетното образование и воспитување, развојот на човечките ресурси, значењето и вредноста на семејството, како и улогата и функционирањето на граѓанскиот сектор во развојот на општеството и други области од општ интерес.
На локалните избори во октомври 2025 година, за првпат се вклучува во политичкиот живот, како носител на советничката листа на коалицијата ВЛЕН за Општина Чаир. По изборната победа на 19 октомври и конституирањето на Советот на Општината, на првата конститутивна седница на Советот е избран за Претседател на Советот на Општина Чаир, за мандатот 2025–2029.