Основно училиште Тефејјуз започнува уште во далечната 1884. во зградата изградена од Хилми Бег Дерала, која подоцна е купена од страна на властите на Отоманската Империја и е именувана како “Tefeyyüz İptidai Okulu” („Основно Училиште Тефејјуз“). Како и сите училишта од овој регион, така и ТЕФЕЈЈУЗ во 1919/20 година влегува под раководството на Кралството Југославија, по што продолжува со својата дејност под името „Осман Џикич“. Овие информации се наведени во книгата на Мухарем Парапович и Мухарем Мусич насловена како „Историјата на скопските училишта“ подготвена во 1932-33 година. Тука се наведува дека властите на Отоманската Империја во 1884 година ја купиле зградата на Хилми Бег Дерала, каде што го формирале „Основното училиште Тефејјуз“ (“Tefeyyüz İptidai Okulu”).
Како што подолу се наведува, училиштето Тефејјуз се споменува и во книгата „Историјата на Скопје и околината“ на Салих Асим Беј
- Име на училиштето: ООУ ТЕФЕЈЈУЗ
- Адреса: Чаирска бр.2 Скопје 1000 РСМ
- Директор: Салајдин Зекир
- Службен телефон: +389 2 2622 186
- Е-пошта: info@tefeyyuz.edu.mk
- Верификација - акт број: 10886
- Година на верификација: 1950
- Наставен јазик: Албански и Турски јазик
- Година на градба: 1981
- Тип на градба: Цврста градба
- Површина на објектот: 4190 m2
- Површината на училишниот двор: 6411 m2
- Површината на терените и спортските сали: 28 m2 gjatë dhe 14 m2 i gjerë
- Училиштето работи во смени: 2 смени
- Начин на загревање на училиштето: Централно греење
- Број на класи: 1-9
- Број на паралели: 34
- Број на образовна рамка: 53
- Број на ученици: 930