Член 1
Со овој Статут се уредуваат границите и надлежностите на Општината, правата и должностите на членовите на Советот, надлежностите на градоначалникот, актите што ги донесуват органите на општината, облиците на непосредно учество на граѓаните во одлучувањето на општината, сопственоста и финансирањето на општината, месната самоуправа во општината, информирањето на граѓаните, начинот и постапката за утврдување и употреба на грбот и знамето на општината како и други прашања од значење за општината.
Член 2
Општината Чаир-Скопје (во понатамошниот текст Општината) е единица на локалната самоуправа, во која граѓаните го остваруваат правото на локалната самоуправа.
Правото на локална самоуправа се остварува преку претставници во органите на општината и со непосредно учество на граѓаните во одлучувањето, на начин и постапка утврдени со закон
Член 3
Подрачјето на Општината е утврдено со Закон.
Границицата на Општината Чаир започнува од булеварот“Никола Карев” кај влезот на касарната “Илинден” и се движи по булеварот на исток до крстосницатасоулица“СлавејПланина”,продолжува по улицата “Славеј Планина”,излегува на улицата “Самоилова”,свртува пред споменичкиот комплекс “Св. Спас” по улицата “Лазо Танев”,продолжува по улицата “Подградец” до надвозникот на булеварот “Гоце Делчев”, свртува лево по булеварот “Гоце Делчев” до крстосницата со булеварот “Крсте Мисирков”, свртува на север по булеварот “Крсте Мисирков” до влезот на универзитетот “Св. Кирил и Методиј”, продолжува по северната ограда на универзитетот “Св.Кирили Методиј” до булеварот “Никола Карев”, свртува на исток по булеварот “Никола Карев” до крстосницата со улицата “Беласица” (тромеѓа меѓу општините Чаир, Центар иГази Баба) минува под комплексот на Природно-математичкиот факултет и се движи по западната граница на парк-шумата “Гази Баба” до центарот за дератизација (тромеѓа меѓуопштините Чаир, Бутел и Гази Баба) свртува на север по булеварот “Христијан Тодоровски-Карпош” до крстосницата соулицатаВтора Македонска Бригада, продолжува на запад по улицата “Втора Македонска Бригада” до тромеѓата на општините Чаир, Бутел и Карпош, продолжува на југ по источната ограда на касарната “Илинден” до крстосницата со булевар “Никола Карев” пред влезот на касарната “Илинден”.
Член 4
Граѓаните на Република Македонија, кои имаат постојано место на живеење на подрачјето на општината, се жители на Општина Чаир – Скопје.
Член 5
Општината е правно лице.
Член 6
Седиштето на Општината е во Скопје на ул. ”Христијан Tодоровски Карпош”бр. 5 -1000 Скопје.
Член 7
Општината има право на сопственост.
Член 8
Општината има грб и знаме кои се утврдуваат со посебни одлуки на Советот на Општината, во согласност со Закон.
Член 9
Општината има печат со тракалезна форма, во чија средина се наоѓа грбот на Општината и на чии рабови е испишано “Република Северна Македонија – Општина Чаир – Скопје”.
Печатот што го употребува Советот на Општината, во вториот ред го содржи текстот: “Совет на Општината”.
Печатот што го употребува градоначалникот, во вториот ред го содржи текстот” “Градоначалник”.
Содржината на печатот од став 1, 2 и 3 на овој член е напишана на македонски јазик и писмо, на албански јазик и писмо и на турски јазик и писмо.
Член 10
. Општината има штембил во форма на правоаголник со големина од 60х30 мм, во кој водорамно на македонски јазик и кирилско писмо и албански јазик и латинско писмо и турски јазик и турското писмо е испишан називот и седиштето на општината, а меѓу називот и седиштето има слободен простор за впишување на бројот на актот и датумот на неговото донесување или прием.
Член 11
Општината има празник на Општината.
Празникот ќе се утврди со Одлука на Советот на Општината.
Член 12
Во Општината се востановуваат општински признанија и награди.
Член 13
Признанијата од член 12 им се доделуваат на носителите на јавните дејности, граѓани, трговски друштва, на јавни служби, на членови на меѓународни организации и асоцијации, на граѓани на други држави за посебни придонеси за развојот на општината или израз за почит, за развој на соработката и пријателските односи.
Општината определува и други свои награди кои се доделуваат во знак на благодарност за постигнатите резултати во стопанството, науката, културата, уметноста, образованието, здравството, социјалните работи, развојот на животната средина и во други сегменти на животот што претставуваат особен допринос за општината.
Општинските награди може да се доделуваат на физички и правни лица, како и на меѓународни организации и асоцијации и нивни претставници.
Член 14
На седниците на Советот на Општината, во службена употреба е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо,албанскиот јазик и неговото писмо и турскиот јазик и неговото писмо.
Статутот, Одлуките и другите прописи што ги донесуваат органите на Општината се пишуваат и објавуваат на македонски јазик и неговото писмо , на албански јазик и неговото писмо и на турски јазик и неговото писмо.
Член 15
Општината може, со одлука донесена од страна на Советот на Општината, да се здружува во здруженија во согласност со закон.
Член 16
Општината соработува со општините од Републиката, со градот Скопје и со единици на локална самоуправа од други земји, како и со меѓународни организации на локални заедници, како и членува во меѓународни организации на локалните власти.
Општината, заради остварување на заеднички интереси и вршење на заеднички работи од нивна надлежност, може со други општини од Републиката да здружува средства и да формира заеднички јавни служби, во согласност со закон.
Член 17
Органите на општината, Комисиите на Советот и јавните служби се должни да ги информираат граѓаните за својата работа и плановите за развој, како и да им овозможи пристап до информациите на начин уреден со овој статут.
1. Планирање и уредување на просторот
Член 18
Општината самостојно, во рамките на законот и овој Статут ги уредува и врши работите од јавен интерес од локално значење, утврдени со Законот за локална самоуправа, или друг закон, како и работите кои не се исклучени од нејзина надлежност или не се во надлежност на органите на државната власт.
Член 19
Општината е надлежна за вршење на следните работи:
1. Планирање и уредување на просторот
2. Заштита на животната средина и природата:
3. Локален економски развој
4. Комунални дејности
5. Култура
6. Образование
7. Социјална и детска заштита
8. Здравствена заштита
9. Заштита и спасување
10. Надзор
Работите од ставот 1 точка 1 алинеја 5 на овој член се вршат во согласност со утврдени стандарди, а по претходно добиена согласност од градот Скопје.
Работите од ставот 1 точка 4 алинеја 3 на овој член се вршат во согласност со градот Скопје.
Работите од ставот 1 точка 9 на овој член се вршат во соработка со градот Скопје.
Член 20
Работите од членот 19 на овој Статут, се уредуваат со прописи на Советот на општината, во согласност со постапките и стандардите утврдени со закон.
Работите од членот 19 на овој Статут, кои задолжително ќе ги извршува општината ќе бидат определени со посебните закони и национални програми.
Член 21
Работите кои не се исклучени од надлежност на општината или не се во надлежност на органите на државната власт се определуваат со одлука на Советот на општината.
Со одлуката од став 1 на овој член се уредува начинот и постапката за вршење на тие работи.
1. Совет на Oпштината
Член 22
Советот на Општината е претставнички орган на граѓаните.
Советот на Општината го сочинуваат 27 претставници на граѓаните избрани на општи, непосредни и слободни избори со тајно гласање.
Мандатот на членовите на Советот трае четири години.
Членот на Советот не може да биде отповикан.
Член 23
Првата седница на новоизбраниот совет ја свикува претседателот на Советот од претходниот состав најдоцна во рок од 20 дена, од денот на завршувањето на изборите.
Ако Советот не се свика во рок од ставот 1 на овој член, членовите на Советот сами се состануваат и под претседавање на најстариот член на Советот го конституираат Советот во рок од 10 дена по истекот на рокот од став 1 на овој член.
Ако седницата не се одржи во рок од став 2 на овој член ќе се распишат нови избори за членови на Советот, на начин утврден со закон.
Член 24
Новоизбраните членови на Советот на конститутивната седница даваат и потпишуваат свечена изјава која гласи:
“Јас (име и презиме) свечено изјавувам дека правата и должностите на член на Советот ќе ги вршам совесно и дека при нивното вршење ќе ги почитувам Уставот, законот, прописите на Советот и дека ќе го штитам уставниот поредок на Република Македонија”.
Член 25
Советот на Општината избира претседател од редот на членовите на Советот, со мандат од четири години.
Претседателот на Советот ги свикува и раководи со седниците на Советот на општината, се грижи за организацијата и работата на Советот и ги потпишува прописите што ги донел Советот и во рок од три дена од денот на нивното донесување ги доставува на градоначалникот заради објавување.
Член 26
Советот на Општината ги врши следните работи:
Член 27
Советот на општината одлучува со мнозинство гласови од присутните членови на Советот, а најмалу со една третина од вкупнот број на членови на Советот, ако со Статутот не е предвидено посебно мнозинство.
Гласањето на седниците на Советот е јавно освен ако Советот не одлучи за одделни прашања гласањето да е тајно.
Прописите кои се однесуваат на културата, употреба на јазиците и писмата на кои зборуваат помалку од 20% од граѓаните во Општината, утврдувањето и употребата на грбот и знамето на Општината се усвојуваат со мнозинство гласови од присутните членови на Советот, при што мора да има мнозинство гласови од присутните членови на Советот кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинско население во Општината.
Член 28
Вонредна седница се свикува за прашања од значење за безбедноста и сигурноста на граѓаните, за прашања кои настанале поради вонредни околности (пожар, поплави, земјотреси, епидемија ) и при посета на делегација од друга земја кога претставник на истата сака да се обрати на членовите на Советот.
Член 29
Вонредната седница ја свикува претседателот на Советот по сопствена иницијатива на предлог на најмалку 1/3 од членовите или на предлог на градоначалникот.
Поканата за седницата со предложениот дневен ред се доставува до членовите на Советот на најбрз можен начин.
Пред отпочнување со работа членовите на Советот гласаат за оправданоста на причините за свикување на седница без материјална расправа.
Член 30
За претресување на прашања од својата надлежност Советот формира комисии.
Комисиите на Советот се формираат како постојани и повремени.
Мандатот на постојаните комисии трае колку и мандатот на членовите на Советот.
Член 31
Постојани комисии и работни тела на Советот се:
Комисија за мандатни прашања, избори и именувања;
Член 32
Советот со посебна Одлука може да формира повремени комисии за расправање и решавање на одредени прашања од својата надлежност.
Член 33
Комисиите на Советот на општината:
Член 34
Комисија замандатни прашања, избори и именувања :
Член 35
Комисијата за финансирање, Буџет и локален економски развој:
Член 36
Комисијата за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина:
Член 37
Комисијата за полова рамноправност:
Член 38
Комисијата за односи меѓу заедниците ги разгледува прашањата кои се однесуваат на односите меѓу заедниците застапени во општината и дава мислења и предлози за начинот на нивно решавање.
Член 39
Комисијата за Сртатут и Деловник покренува иницијатива и разгледува мислења,предлози и сугестии кои се однесуваат на Статутот на Општина Чаир и предлага нивна измени и дополна .
Претседателот на комисијата за Статут според функсијата е претседателот на Советот.
Член 39 – a
Комисијата за Прописи :
Член 40
Комисија за образование и култура:
Член 40-а
Комисијата за општествени дејности:
Член 40-б
Во Општина Чаир се формира младински Совет како советодавно тело во делокруг за младински прашања и политики, млади во општината од 15-29 години.
Член 40-в
Младинскиот Совет ги врши следните работи:
Член 40-г
Младинскиот Совет брои 7 члена.
Младинскиот Совет се состои од:
Член 40-д
Членовите на младинскиот Совет се избираат од Собранието на млади непосредно со тајно гласање во кое право на глас имаат делегтите од локалното собрание на младите во Општина Чаир.
За избрани се сметаат оние кандидати кои освоиле најмногу гласови од страна на присатните делегати.
Членовите на Младинскиот Совет се верификуваат од страна на Советот на Општина Чаир по добиена Одлука од страна на Собранието на млади на Општина Чаир.
Од страна на Младинскиот Совет се избира претседател и заменик Претседател на Младинскиот Совет.
Член 40-ѓ
Советот на Општина Чаир донесува Локална стратегија за млади за период од 5 години.
Локалната стратегија за млади се спроведува со буџетски средства од Општина Чаир.
Локална стратегија за млади е стратешки документ со кој во согласност соНационалната стратегија за млади, се утврдуваат среднорочни цели и приоритети за развој на младинските политики и унапредување на интересите на младите на локално ниво и се утврдуваат организациски, финансиски и административни мерки за нивно остварување.
Локалната стратегија содржи и Акциски план за реализација со дефинирани активности, динамика, носители на активности и проекции на буџетски средства, како и услови и индикатори за евалуација за спроведувањето на локалната стратегија за млади.
Акционите планови за Локална стратегија за млади се изработуваат од страна на Општината во соработка со локалниот Совет а ги донесува Советот на Општина Чаир за период од една година каде се предвидува буџет за реализација.
Член 40-е
Во Општината се формира канцеларија замлади од каде се координира работата за млади во општините и претставува примарна точка за пристап на младите на локално ниво.
Од буџетите на општина Чаир за млади се издвојуваат средства во висина од најмалку 0,1% на годишно ниво.
Член 41
Претседателот и членовите на комисиите ги избира Советот на Општината на предлог на Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања.
Предлогот за избор содржи онолку кандидати колку што се избираат членови на работните тела.
Политичките партии кои партиципираат во Советот на Општината ќе бидат пропорционално застапени во вкупнот број на членови на сите комисии.
Член 42
Начинот на работа на комисиите поблиску се утврдува со Деловникот за работа на Советот на Општината.
2. Градоначалник на општината
Член 43
Градоначалникот ја претставува и застапува Општината.
Градоначалникот се избира на општи, непосредни и слободни избори со тајно гласање во согласност со закон за период од четири години.
Градоначалникот својата функција ја извршува професионално.
Член 44
Градоначалникот во рамки на своите надлежности:
Член 45
Градоначалникот ги објавува прописите на Советот во “Службен гласник на Општина Чаир”
Градоначалникот го обезбедува извршувањето на одлуките на Советот.
Член 46
Градоначалникот е должен, во рок од седум дена од денот на доставувањето на прописот на Советот, со решение да го запре неговото објавување доколку смета дека не е во согласност со Уставот и законите.
Примерок од образложеното решение за необјавување се доставува до претседателот на Советот на Општината.
Советот е должен, во рок од петнаесет дена од денот на објавувањето на решението да го разгледа и да одлучи по него.
Ако Советот го потврди прописот градоначалникот е должен да го објави и истовремено да поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на оспорениот пропис пред Уставниот суд на Република Македонија.
Градоначалникот е должен за иницијативата да го информира министерството надлежно за вршење на работите што се однесуваат на локалната самоуправа.
Член 47
Градоначалникот е должен да поднесе извештај за извршување на одлуките донесени од страна на Советот на секои три месеци во текот на годината.
За извршување на своите надлежности градоначалникот го информира Советот по потреба, а најмалку два пати во годината.
Член 48
Градоначалникот управува со сопственоста на општината како добар домаќин.
Во управувањето со сопственоста на општината градоначалникот е должен да презема мерки и да го обезбедува користењето на сопственоста во согласност со закон.
Член 49
За време на спреченост или отсуство до шест месеци градоначалникот го заменува член на Советот на општината кој го назначува градоначалникот.
Градоначалникот е должен со решение да го определи членот на Советот кој ќе го заменува.
Решението од став 2 на овој член се објавува во
“Службен гласник на Општина Чаир”
За денот на настапувањето на спреченоста или отсуството градоначалникот го информира претседателот на Советот.
На членот на Советот му мирува функцијата член на Советот за времето додека го заменува градоначалникот.
Член 50
Во општината се формира Совет на потрошувачи.
Советот на потрошувачите ќе разгледува прашања и ќе утврдува предлози кои се однесуваат на квалитетот на услугите на јавните служби во Општината.
Член 51
Советот на потрошувачите се состои од седум члена, од кои три се претставници на поголемите групи на корисници на јавните услуги и четири се претставници на граѓаните – корисници на услугите.
Член 52
Членовите на Советот на потрошувачите ги избира Советот на општината на предлог на Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања.
Мандатот на членовите на Советот трае две год.
Член 53
Советот на потрошувачите:
а) Општи акти
Член 54
Статутот е основен акт на Општината со кој се утврдуваат основните прашања во врска со надлежностите и организацијата на општината и други прашања од значење за општината.
Статутот на Општината се донесува во две фази и тоа како нацрт-Статут и предлог-Статут.
Статутот на Општината го донесува Советот со мнозинство гласови од вкупнот број членови на Советот на Општината.
Член 55
Советот на Општината донесува Деловник за работа на Советот, одлуки, планови и програми, решенија, заклучоци и други акти и дава мислења и утврдува насоки.
Член 56
Со Деловникот за работа на Советот се уредува начинот на работата и постапката за одлучување на Советот и неговите постојани и повремени комисии. Деловникот за работа на Советот на Општината се донесува со мнозинство гласови од вкупниот број на членови на Советот.
Член 57
Со одлука на Советот се уредуваат работите од локално значење од надлежност на општината.
Со одлука на Советот се основа општинската администрација и се уредува начинот на нејзиното работење и се основаат јавни служби.
Со одлука Советот уредува и други прашања од своја надлежност.
Член 58
Советот донесува зклучоци кога разгледува извештаи, информации и анализи.
Советот дава мислења и утврдува насоки за извршување на прописите и други акти.
Член 59
Постапката за донесување на општи акти се уредува со Деловникот за работа на Советот на Општината.
Општите и други акти се објавуваат во “Службен гласник на Општина Чаир”.
Општите акти стапуваат во сила осмиот ден од денот на објавувањето; а по исклучок што го утврдува Советот на Општината со денот на објавувањето.
б) Поединечни акти
Член 60
Советот и градоначалникот во рамките на својата надлежност донесуваат поединечни акти.
Советот донесува одлуки за избор и именување.
Градоначалникот на општината носи решенија.
Член 61
Градоначалникот на општината е должен во рок од седум дена од доставуањето на актите да ги објави во “Службен гласник на Општина Чаир”.
Член 62
За објавените акти се води посебна збирка.
Збирката може да ја користат граѓаните и истата ќе им биде ставена на увид секој работен ден.
Член 63
Граѓаните непосредно учествуваат во одлучувањето за прашања од локално значење преку граѓанска иницијатива, собири на граѓани и референдум на начин и постапка утврдени со закон.
Спроведувањето на непосредното учество на граѓаните во одлучувањето се финансира од Буџетот на општината.
а) Граѓанска иницијатива
Член 64
Граѓаните имаат право да му предложат на Советот да донесе одреден акт или да реши одредено прашање од негова надлежност.
Советот е должен да расправа по предлогот на граѓаните од став 1 на овој член ако го поддржат најмалку 10% од избирачите на општината или од урбаната заедница на која се однесува определеното прашање.
Советот е должен да одржи расправа најдоцна во рок од 90 дена по доставената иницијатива и за својата одлука да ги информира граѓаните.
б) Собир на граѓани
Член 65
Собирот на граѓани може да се свика за подрачјето на целата општина или за подрачјето на урбаната заедница.
Собирот на граѓани го свикува градоначалникот на општината по своја иницијатива, на барање на Советот или на барање од најмалку 10% од избирачите на општината или на урбаната заедница на која се однесува определеното прашање.
Актот за свикување на собирот на граѓани се истакнува на јавни места на вообичаен начин или преку средствата за јавно информирање.
Член 66
На собирот на граѓани во одлучувањето учествуваат граѓаните кои имаат избирачко право.
Собирот на граѓани може да се одржи доколку присуствуваат најмалку 10% од избирачите.
Член 67
Органите на Општината се должни во рок од 90 дена да ги разгледаат заклучоците донесени на собирот на граѓаните и да ги земат предвид при одлучувањето и донесувањето мерки по прашањата на кои се однесуваат и да ги информираат граѓаните за своите одлуки на вообичаен начин или преку службеното гласило наопштината.
Член 67- a
Градоначалникот и Советот на општина по сопствена иницијатива организираат форуми на заедницата, како форма на јавно учество на сите граѓани во општината, заради јавно расправање за проблемите и утврдување решенија и приоритети, предлагање и избор или развивање на проекти од интерес на заедницата.
Организирањето на форуми опишани во претходниот став од овој член може да се покрене и на иницијатива на заинтересирани правни и физички лица кои се подготвени финансиски и материјално да подржат проекти во интерес на општината.
Барањето од ставот 2 на овој член се поднесува до градоначалникот на општината, која врз основа на стратешките документи и цели за развој на општината одлучува дали иницијативата ќе биде прифатена или одбиена
Начинот и постапката на функционирањето на форумите на заедницата се уредува со Правилник што го донесува Советот на општината по предлог на градоначалникот”
в) Референдум
Член 68
Референдум распишува Советот на општината по своја иницијатива за прашањата од негова надлежност и од значење за општината.
Советот е должен да распише референдум на барање од најмалку 20% од избирачите на општината.
Барањето за распишување референдум се доставува до Советот на општината со потребен број на потписи на избирачи дадени пред надлежен орган кој води евиденција за избирачкото право на граѓаните на општината.
Член 69
По барањето за распишување на референдум Советот на општината најдоцна во рок од 60 дена од поднесување на барањето донесува одлука за распишување на референдум.
Во одлуката за распишување на референдум се определуваат прашањата за кои се одлучува на референдумот, денот на неговото одржување и постапката за спроведување на референдумот.
Член 70
Одлуката за распишување на референдумот се објавува во службеното гласило на општината.
Од денот на објавувањето на одлуката за распишување на референдум до денот на одржување на референдум не може да поминат помалку од 15 дена ниту повеќе од 60 дена.
Член 71
Референдум задолжително се распишува за воведување на самопридонес за подрачјето на општината.
Член 72
Референдумот го спроведува Комисија за спроведување на референдум именувана од Советот на општината.
Постапката на гласање се спроведува согласно Закон.
Право на гласање на референдумот имаат граѓаните со избирачко право.
Член 73
Одлуката на референдумот се донесува со мнозинство гласови од избирачите кои гласале, доколку на референдумот излегле повеќе од половината од вкупниот број запишани избирачи.
Одлуката донесена на референдумот е задолжителна и се објавува во службеното гласило на општината.
г) Претставки и предлози
Член 74
За работата на органите на Општината и општинската администрација, граѓаните имаат право, поединечно или заеднички со другите да поставуваат претставки и предлози.
Член 75
Претставките и предлозите се поднесуваат во писмена форма или усно во записник, поединечно или групно, до градоначалникот
За претставките и предлозите не се плаќа такса.
Член 76
Подносителот не смее да трпи штетни последици поради поднесување на претставка, нити поради тоа може да биде повикан на одговорност.
Член 77
Постапувањето по претставките и предлозите опфаќа прибирање на податоци, известувања и мислења за околностите што се од значење за правилно оценување на основаноста на претставката, како и преземање на потребни мерки за отстранување на повредата на правото на подносителот или повреда на јавнитеинтереси.
Член 78
Градоначалникот, е должен најдоцна во рок од 60 дена од денот на приемот на претставката, односно предлогот, на подносителот да му достави образложен одговор.
Ако претставката или предлогот не се однесуваат на работата од надлежност на органите на општината, градоначалникот ги доставува до соодветниот надлежен орган и за тоа го известува подносителот.
д) Јавни трибини, анкети и предлози
Член 79
Органите на Општината, при донесувањето на прописи од својата надлежност претходно можат да организираат јавна трибина, да спроведат анкети или да побараат предлози од граѓаните.
Јавна трибина се организира кога се донесуваат прописи за прашања од локалниот економски развој, комунални потреби (водоснабдување, одржување на јавна чистота, одржување на локални патишта и улици) и други прашања од пошироко локално значење.
Анкета се спроведува за донесување на урбанистички планови и други прашања од локално значење.
Прибирање предлози од граѓаните за решавање на прашања од локално значење ќе се врши преку објавување на соопштение со кое ќе се повикаат граѓаните да даваат свои предлози.
Постапката, начинот и времето на преземање на една од наведените активности од став 1 на овој член, ќе се уреди со одлука донесена од органот кој ја организирал.
a) Сопственост
Член 80
Сопственоста на Општината ја сочинуваат неподвижни и подвижни ствари, парични средства и права.
Општината ја стекнува сопственоста од сопствени извори на приходи, по пат на финансирање од граѓаните или со нивно учество на друг начин, од подароци и по други основи.
Член 81
За купување, отуѓување и отповикување на сопственоста на недвижни предмети одлучува Советот на Општината.
Отуѓување на сопственоста на Општината се врши само по пат на јавно наддавање, согласно закон.
Продажната цена на предметите не смее да биде помала од нивната пазарна вредност
Средствата добиени од продажбата на предметите може да се инвестираат само за стекнување на нови или реконструкција на постојни предмети во сопственот на Општината.
Член 82
Општината ја евидентира својата сопственост и нејзината проценка се искажува во годишнa сметка.
Член 83
Предметите во сопственост на Општината можат да се дадат на користење на други субјекти по пат на јавно наддавање, во согласност со закон.
b) Финансирање
Член 84
Општината се финансира од сопствени извори на приходи, локални даноци, надоместоци и такси утврдени со закон, дотации од државата и други извори на приходи утврдени со закон.
Општината во рамките на своите надлежности, самостојно располага со сопствените извори на приходи.
Член 85
Приходите и трошоците на општината се утврдуваат со Буџетот на Општината.
Буџетот на Општината содржи биланс на приходите и трошоците на Буџетот, а се однесува за фискалната година од дванаесет месеци која почнува од 1-ви јануари, а завршува на 31-ви декември од секоја календарска година.
Член 86
Предлогот на Буџетот на Општината го утврдува градоначалникот и го доставува до Советот на Општината за донесување не подоцна од средината на месец ноември.
Советот не може да го разгледа предлогот на Буџетот на Општината пред истекот на дваесет дена од денот на доставувањето до советниците.
Член 87
За секоја промена на Буџетот на Општината, за дополнително усвоени трошоци следено со мерки што ѓе ги зголемат предложените приходи или ќе ги намалат другите трошоци во сразмерен износ, одлука донесува Советот на Општината.
Член 88
За покривање на непредвидените барања за трошоци кои ќе се појават во текот на буџетската година, од вкупните тековни и капитални трошоци се издвојува буџетска резерва во висина утврдена со закон.
За користење на средствата од буџетската резерва одлучува Советот на Општината по предлог на градоначалникот.
Советот со одлука може да го овласти градоначалникот за начинот на користење на буџетската резерва.
Член 89
Доколку Буџетот на Општината за наредната година не биде донесен до 31-ви декември во тековната година, ќе се постапи согласно со Законот за буџетите и ќе се воведе времено финансирање и тоа најдолго за шест месеци.
Член 90
На крајот на секоја фискална година се изготвува годишна сметка на Буџетот на Општината.
Годишната сметка на Буџетот, Советот на Општината треба да ја усвои најдоцна до 31-ви март во тековната година, за претходната година.
Член 91
Извршувањето на Буџетот на Општината го врши градоначалникот, а поконкретно се уредува со Oдлука за извршување на Буџетот на Општината.
Член 92
Граѓаните во Општината одлучуваат за работите од непосредно и секојдневно значење од својот живот и работа и преку облици на месна самоуправа кои можат да ги основаат согласно со овој Статут.
Член 93
Во Општината како облици на месна самоуправа можат да се основаат урбани заедници.
Член 94
Урбана заедница се основа во подрачјето на Општината за урбана единица согласно урбанистичкиот план.
Член 95
Иницијатива за основање урбани заедници можат да покренат најмалку 10% од граѓаните, жители на подрачјето за кои има интерес за основање на месна самоуправа.
Член 96
Иницијативата за основање содржи: подносител, опис на подрачјето за кое се бара основање на урбана заедница, образложение на потребите за основање и потпис на заинтересираните граѓани.
Иницијативата за основање се доставува до Советот на Општината, кој ја разгледува и оценува дали се исполнети условите за основање на урбана заедница.
Член 97
Одлуката за основање на урбана заедница се донесува на Собир на граѓани од соодветното подрачјето по пат на јавно гласање со мнозинство гласови од присутните граѓани.
Член 98
Граѓаните преку урбани заедници, во согласност со овој Статут и одлуките за основање се грижат и даваат иницијатива и предлози за:
Советот на урбаната заедница дава иницијативи и предлози до надлежните органи на Општината за прашања од областа на образованието, здравството, социјалната заштита и други прашања од интерес на граѓаните.
Член 99
Работите од членот 98 на овој Статут се финансираат од:
Член 100
Урбаната заедница е правно лице во рамките на правата утврдени со овој Статут.
Орган на урбаната заедница е Советот.
Советот го избираат граѓаните на урбаната заедница на собир на граѓани со јавно гласање, доколку собирот не одлучи гласањето да биде тајно.
Советот е составен од три до девет членови.
Мандатот на членовите на советот трае четири години.
Урбаната заедница има свој печат (во тркалезна форма) и штембил (четириаголен).
Член 101
Одлука за распишување на избор на членови на советот донесува советот во стариот состав, најдоцна 30 дена пред истекот на мандатот.
Ако Одлуката од став 1 на овој член не се донесе во утврдениот рок, одлука за распишување на избор на членови на советот и за формирање и избор на изибрачки одбори донесува градоначалникот на општината во рок од 15 дена.
Член 102
Предлагање и утврдување на кандидати за членови на советот се врши на собир на граѓани.
За утврдени се сметаат кандидатите кои добиле мнозинство, односно најголем број гласови од присутните граѓани на собирот.
Член 103
Постапка за предлагање, утврдување и избор на членови на Советот поблиску се уредува со Правилата за работа на обликот на месна самоуправа.
Член 104
За избрани членови на советот се сметаат кандидати кои добиле мнозинство односно најголем број на гласови од избирачите кои гласале.
Член 105
Советот од своите членови избира претседател со мандат од 4 години, кој ја претставува и застапува урбаната заедница.
Постапката за избор на претседател на Советот на урбаната заедница е иста како за избор на претседател на Советот на општината.
Советот донесува правила со кои се уредува работата на урбаната заедница како и програма за работа.
Член 106
Градоначалникот на Општината, со решение може да делегира вршење на определена работа од непосреден интерес и секојдневно значење за животот и работата на жителите, на претседателот на советот на урбаната заедница.
Средствата потребни за извршување на работите, од ставот ж на овој член се утврдуваат во решението за делегирање на надлежноста.
Со решението се определува органот и начинот на вршење на надзор над извршувањето на работите од ставот 1 на овој член.
Член 107
Општинската администрација ги врши стручните, административно-техничките и сметководствено – финансиските работи на органот на урбаната заедница.
Контрола над трошењето на средствата што ќе бидат пренесени за извршување на делегираните надлежности врши општинската администрација.
a) Информирање на граѓаните
Органите на општината, комисиите на советот на општината и јавните претпријатија и установи основани од општината, ги информираат граѓаните за одлуките и своите активности кои се од непосредно значење за животот и работата на граѓаните во општината и за други информации од јавен интерес.
Граѓаните на општината се информираат за:
Член 109
Информирањето на граѓаните на општината се врши редовно, без надоместок, преку:
Член 110
Советот на општината со посебна одлука може да утврди за одредени информации да се информира и на јазикот кој не е службен јазик во општината, а го зборуваат дел од жителите на општината.
Член 111
Грбот и знамето на Општната се утврдуваат со одлука на Советот на Општината, во согласнсот со Закон.
За утврдување на грбот и знамето на Општината, Советот распишува конкурс и образува комисија.
Член 112
Комисијата од пристигнатите трудови по објавениот конкурс утврдува предлог за грб, односно знаме на Општината и го доставува до Советот на усвојување.
Член 113
Советот на Општината со мнозинство гласови од вкупнот број на членови на Советот одлучува по предлогот на комисијата.
Одлуката на Советот за утврдување на грб, односно знаме на Општината е составен дел на Статутот на Општината.
Член 114
Грбот на Општината се употребува во состав на печатот на општината.
Грбот на Општината може да се употребува и на официјални покани,
честитки и на слични акти што ги користат Советот и градоначалникот на општината.
Советот на општината може да одобри употреба на грбот на Општината на физички и правни лица, ако оцени дека е во интерес на Општината.
Член 115
Знамето на Општината се истакнува на општината и на видни места на Општината.
Знамето на Општината може да се истакнува и при меѓународни средби, натпревари и други собири на кои учествува или е презентирана општината.
Член 116
Грбот и знамето на Општината не смеат да се употребуваат ако се оштетени или со својот изглед се неподобни за употреба.
Член 117
Иницијатива за оцена на устанвоста на зконите и уставноста и законитоста на општите акти на министерствата и други органи на државната управа, со кои се нарушува уставната положба и правата на општината утврдени со уставот и законите, може да поднесат Советот односно градоначалникот на Општината до Уставниот суд на Република Македонија.
Член 118
Градоначалникот на општината има право да бара судска заштита пред надлежните судови кога на општината и се попречува вршење на дадените надлежности со Устав и закон, со акти и активности на органите на државната управа и на Владата на Република Македонија.
Член 119
Измени и дополнувања на Статутот на Општината можат да предложат најмалку една половина од членовите на Советот на Општината, градоначалникот или најмалку 10% од избирачите во Општината.
Член 120
Одлука за пристапување кон измени на Статутот донесува Советот на Општината со мнозинство гласови од вкупнот број на членови на Советот.
Член 121
Измените на Статутот на Општината се донесени ако за нив гласале мнозинство од членовите на Советот.
Член 122
Постојните месни заедници од подрачјето на Општината Чаир и нивните органи продолжуваат со работа со истите надлежности до наредните избори на советите на урбните заедници.
Член 123
Актите за организација и работа и актите за систематизација на работните места ќе се донесат во рок од три месеци по донесувањето на овој Статут.
Член 124
Со денот на влегување во сила на овој Статут престанува да важи Статутот на Општината Чаир, објавен во ,,Службен гласник на Град Скопје” број 15/97.
Член 125
Овој Статут влегува во сила 8-от ден од денот на објавување во “Службен гласник на Општина Чаир”.
Претседател на Советот
М-р Захир Бектеши д.в.с.р.
Пречистен текст
Претседател на Комисијата за Прописи
Марија Кондовска – Вељовска д.в.с.р.
Abonohu për të marrë përditësimet dhe lajmet më të fundit