Продолжуваме со акциите за чистење на неформалните депонии. Денес на улица “Методија Митевски” во населба Топанско Поле исчистивме една таква депонија!
Апелираме до граѓаните што живеат во овој дел на Општина Чаир да бидат повнимателни и да не фрлат отпад во јавните површини и надвор од соодветните места за отпад во спротивно ќе следат казни согласно Законот за животна средина, Законот за управување со отпад и Законот за Јавна Чистота.