Детската градинка „Фидани“ во Општина Чаир беше исполнета со радост и празнична атмосфера, каде што децата, воспитувачите и директорката на градинката, г-ѓа. Гезиме Бакиу, поделиле празнични пакети и заедно уживале во радоста. Оваа активност беше можност да се донесе насмевка на лицата на децата и да се сподели радост во пресрет на новогодишните празници.
На активноста присуствуваше и министерот за социјална политика, г. Фатмир Лимани, кој се приклучи на децата и воспитувачите во овој посебен момент. Неговото присуство го зголеми уште повеќе топлината и празничната атмосфера, истакнувајќи го ангажманот на институциите за подобрување на условите за развој на децата.
Градоначалникот на Општина Чаир изрази задоволство од ангажманот на персоналот на градинката во создавањето на безбедна и едукативна средина за нашите деца. Тој ја истакна важноста на постојаните инвестиции во развојот на новото поколение, нагласувајќи дека децата се иднината на општеството и наша должност е да им обезбедиме можности за нивно растење и развој.
На крајот, Градоначалникот на Општина Чаир им посака искрени честитки за новата година со здравје, среќа и нови можности за сите деца и семејства во Чаир, истовремено посакувајќи им среќни празници на сите.