Веднаш по силните врнежи од дожд кои го зафатија нашиот град во текот на денешниот ден, со брзина на ветер од над 80 км/ч и наврнати околу 11 литри во метар квадратен, на терен за менаџирање на потребните активности за нормализирање на ситуацијата излезе Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу.
Екипите на јавните претпријатија “Водовод и канализација”, “Улици и патишта” , ” Паркови и зеленило” и 40 сезонски работници на Општина Чаир се во акција преземајќи ги сите потребни мерки.
Контакт броевите каде граѓаните може да побараат интервенција се:
– EVN (0)2 3205 000
– Водовод и канализација (0) 2 3240 300 / (0) 2 3073 010
– Паркови и зеленило (0) 2 3070 112 / (0) 2 3070 113
– Пожарна служба – 193.