Интересот за програмата „Бесплатна настава по пливање за деца“, организирана од Општина Чаир во рамки на платформата „Чаир во ритамот на здравјето“, значително го надмина предвидениот капацитет за реализација на овој циклус.

Изборот на учесниците ќе се врши според редоследот на пријавување (прв пријавен – прв избран), а предност ќе имаат децата кои се жители на Општина Чаир.

Програмата се реализира согласно капацитетите на базенот. Од месец септември, базенот ќе биде ставен во функција на реализација на наставата по пливање во рамки на наставната програма по Физичко и здравствено образование, за учениците од училиштата кои имаат пливање како дел од наставниот план. Воедно, Општина Чаир и во иднина ќе продолжи да организира слични спортски и рекреативни активности за децата.

Им благодариме на сите родители за големиот интерес и укажаната доверба кон оваа програма.