Општина Чаир ги известува граѓаните дека, согласно најавата на Управата за хидрометеоролошки работи, денес се очекува да дува силен јужен ветер, кој на одредени места повремено ќе достигнува брзина над 80 км/ч.

Во Скопје се очекува умерен до засилен јужен ветер, а температурите ќе бидат значително над просекот за овој период од годината.

Ги повикуваме граѓаните да бидат особено внимателни, да ги обезбедат предметите и објектите што можат да бидат поместени од ветерот, како и да избегнуваат престој во близина на дрвја, столбови и небезбедни објекти.