Општина Чаир за да ја одбележи 131 годишнина од отварањето на првата школа на албански јазик организира низа образовни настани во рамките на НЕДЕЛАТА НА НАСТАВНИКОТ, за да ја стимулира креативноста на учениците и преку посветеноста во патот на знаењето да се покаже почит кон фигурата на албанскиот наставник.
Една од активностите во рамките на оваа недела посветена на албанското национално образование е и Изложбата со наслов “Колона на новите уметници“ каде денес учениците на основните улилишта на Општина Чаир ја докажаа нивната страст за уметноста.
Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, ги награди талентираните уметници и им посака да продолжат да го развиваат нивниот талент за во иднина да станат познати сликари.