Под мотото “Коалиција за борба против гладта“ Општина Чаир претставена од страна на Шефот на Кабинетот г-ѓа Фиснике Осман, заедно со раководството на Хуманитарната Организација за помош на социјално загрозените лица и нивните семејства “Euro Human International” и Невладината Организација “Банка за Храна“ реализираа хуманитарна акција за делење на пакети со прехранбени производи по повод празникот Курбан Бајрам за семејствата приматели на социјална помош и категоријата на деца со посебни потреби.