Општина Чаир денеска на Манифестацијата што се одржа по повод 7 Март – Денот на наставникот, им оддаде почит на 12-те најистакнати учители од Чаир, како и на 33 пензионери, меѓу кои и поранешниот директор на ООУ „Јашар беЈ Шкупи“, Музафер Реџепи, како и пост мортем му се оддаде почит на еден од најголемите придонесувачи во образованието во оваа општина, поранешниот директор на ООУ „Васил Главинов“, Ќамуран Кучи.
Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу во оваа прилика истакна дека образованието е вистинската и единствена вредност на еден народ, тоа е неговиот дух, постоење, негов главен столб. „Наставниците секој ден се исклучително важни за сите нас, но денес особено го одбележуваме овој ден за да го одбележиме патувањето на албанското образование, да ги подигнеме на високо ниво традициите и достигнувањата на училиштата, да ги цениме и да ги почитуваме ликовите на наставниците“, рече Ганиу.
Тој потсети дека денес, 135 години од формирањето на првото албанско училиште во Корча, образовниот процес во општина Чаир се развива спред современи стандарди со многу одлични резултати на учениците на локални и меѓународни натпревари и сето тоа како резултат и на неуморната работа на секој од наставниците и воспитувачите.
„Ако светлината на знаењето е најсветла, тогаш наставниците се изворот на оваа светлина“, рече првиот човек на општина Чаир, Висар Ганиу.
На денешниот настан присуствуваа ветерани од образованието, наставници, вработени во образованието, министерот за образование и наука Јетон Шаќири, поранешниот градоначалник на Чаир и пратеник, Изет Меџити, пратеничката и поранешна директорка на училиштето „Имри Елези“ Мерита Коџаџику.