Синоќа, градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, го промовираше новоизградениот помошен терен на стадионот на ФК Шкупи, инвестиција реализирана од буџетот на Општина Чаир, која создава современи услови за тренинг и развој на фудбалот.
Теренот е изграден на површина од околу 3500 м² и е опремен со вештачка трева според современи стандарди, дренажен систем и целосно осветлување, што овозможува негово користење во текот на целата година за тренинзи и спортски активности.
„Развојот на спортот бара квалитетна инфраструктура и конкретна поддршка. Овој помошен терен ќе создаде подобри услови за младите и за спортските клубови, придонесувајќи директно за унапредување на фудбалот и спортот во Чаир,“ истакна градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити.
По овој повод, Меџити изрази благодарност до поранешниот градоначалник на Општина Чаир, Висар Ганиу, како и до претседателот на Фудбалската федерација на Северна Македонија, Масар Омерaгиќ, за нивниот придонес во започнувањето на овој проект.
Оваа инвестиција отвора повеќе можности за младите и создава подобри услови за развој на талентите и спортските активности, дополнително зајакнувајќи ја фудбалската традиција во Чаир.










