На Општина Чаир и се додава уште еден простор посветен на најамалите нејзини жители, децата!

Општина Чаир во соработка со Град Скопје и Јавното Претпријатие “Паркови и зеленило” го завршија заедничкиот проект за изградба на еден едукативен и забавен простор за деца, на спортскиот терен во населба Топанско Поле.

Со поставувањето на урбана опрема (клупи за седење, корпи за отпадоци), поставување на ново осветлување и нова патека за пешаци, овој агол ќе послужи и како место за одмор за постарите и жителите на оваа населба.

Завршувањето на работите на овој проект денес ги проследи Градоначалникот на Општина Чаир г-дин Висар Ганиу заедно со Градоначалникот на Град Скопје, г-дин Петре Шилегов и Директорот на Јавното Претпријатие “Паркови и зеленило”, г-дин Ардијан Муча.

Општина Чаир им се заблагодарува на сите жители на оваа населба за соработката во периодот на извршувањето на работите на оваа локација а истовремено бараме од нив и локалните бизниси во оваа околина да ја зачуваат оваа инвестиција.