Општина Чаир распишува јавен повик за делегати во Собранието на Локалниот Младински Совет во Општина Чаир (11.06.2018-30.06.2018)

Почитувани,
Општина Чаир, распишува повик за пријавување на делегати за собранието на Локалниот младински совет во Општина Чаир.
Ни претставува особена чест да Ве повикаме да се пријавите да бидете дел на собранието на Локалниот младински совет во Општина Чаир.

Повикот е отворен за сите младински организации, партиски подмладоци, културни и спортски друштва, средношколски и студентски организации и сите други видови на младинско неформално здружување, кои воедно ги исполнуваат следниве критериуми:
– Да биле активни во изминатата година со активности спроведени за или од млади во Општина Чаир
– Претставниците на организациите кои ќе бидат присутни на Собранието да се на возраст од 15 до 30 години

ПРИЈАВА:Сите заинтересирани организации кои ги исполнуваат критериумите за членство треба да ги достават следните документи на info@cair.gov.mk, или да ги поднесат во архивата на Општина Чаир – ул. Христијан Тодоровски Карпош бр. 5, со назнака за Локален младински совет – Чаир.

Задолжителни документи
1. Портфолио за работа на организацијата/неформалната група
2. Мотивационо писмо за учество не повеќе од 300 збора
3. Годишен извештај за работа за претходната година (кој потврдува дека организацијата била активна во измината година со активности спроведени за или од млади во Општина Чаир)

Додатни документи: Документи кои ја потврдуваат работата на организацијата/структурата. (Не се задолжителни, но се преферираат)
1. Статут
2. Годишна програма за 2016 година (доколку организацијата поседува таков документ)

Рокот за пријавување е од 11.06.2018 до 30.06.2018 година.

Апликациите ќе бидат разгледувани од Oпштинската комисија за верификација на членство и доколку е потребно, Oпштинската комисија за верификација ќе побара од апликантите дополнителни документи за да се потврдат критериумите.

Ви стоиме на располагање за дополнителни информации, и се надеваме на ваше присуство.

Со почит,
Општина Чаир
Контакт телефон: 02 2603 040