Општина Чаир се погрижи патот кој носи до детската градинка “Петар Пан“ позади трговскиот центар “26 Јули“ да има уредена улична инфраструктура со поставување на павер елементи (бекатони) во зона од 700 м2.

Од денес нозете на децата кои ќе се движат кон првото гнездо на знаењето нема да газат по прашина.